[Едиторијал] Дојде моментот кога паметните телефони на преклопување станаа широко распространети

Добивај вести на Viber

Д-р ТМ Рох, претседател и раководител на одделот за мобилно искуство во Samsung Electronics

Цел живот работам како инженер и бев сведок на бројни иновации во Samsung кои ги поместуваат границите на она што е возможно со паметните телефони. Нашата мисија е, како и секогаш, да создадеме технологија која го подобрува животот на луѓето. Пред десет години решивме да создадеме трансформативна технологија која се занимава со она по што се препознаваат сите паметни телефони - рамен правоаголен екран. Си поставивме едноставно прашање: Дали можеме да го имаме сето тоа – и поголем екран и подобра преносливост?

Препознавме прилика не само да дизајнираме нов облик туку и да создадеме нови искуства кои на паметните телефони не беа возможни.

Со надминување на бројни технолошки пречки, во 2019 година успешно го претставивме првиот телефон што се преклопува досега и со тоа ја променивме иднината на индустријата.

Минатата година дистрибуиравме скоро 10 милиони телефони на преклопување низ целиот свет. Тоа е пораст од 300% во однос на 2020 година, и предвидуваме дека овој забрзан пораст ќе продолжи.

Доаѓаме до моментот каде телефоните на преклоп стануваат широко распространети и завземаат голем дел на пазарот на паметни телефони.

Уште поважно, телефоните на преклопување Samsung Galaxy го променија начинот на кој ги користиме мобилните уреди и го подобрија животот на корисниците ширум светот. 

Со еволуцијата на начинот на живот, се развива ново наследство

Светот е поповрзан и се движи многу побрзо. Работата и забавата се испреплетени, а границите меѓу физичкиот и дигиталниот свет веќе не се толку јасни. Има една работа на која се потпираме за работа, забава, одржување во форма и многу повеќе — а тоа е нашиот телефон. Затоа на нашите корисници им е потребен флексибилен уред за да ги задоволи нивните секојдневни потреби.

Моделите Galaxy Fold и Galaxy Flip ги исполнуваат сите овие барања. Минатата година, 70% од корисниците на Galaxy телефоните на преклоп се свртеа кон моделот Flip за да им помогне да го видат светот од поинаква перспектива. Корисниците на Flip сакаат да имаат уред направен за да ја изразат својата личност, без разлика дали се работи за избор на уред со смели бои или фотографирање на нов начин благодарение на Flex режимот.

Искуството со Fold моделот е поинаков. Секој трет корисник на Galaxy телефоните на преклоп од минатата година се одлучил за овој уред кој обезбедува висока продуктивност, и овозможува да се направи повеќе благодарение на хипер-поврзаното, индивидуално пресметување. Корисниците на Fold сакаат да имаат можност да извршуваат повеќе функции истовремено со двојно поголемекран, за да можат да бидат поефикасни и побрзо да ја завршат својата работа.

Корисниците на двата модела на телефони на преклоп со воодушевување го прифатија она што го направивме. Нивната реакција е најголемиот мотив за нас да одиме понатаму и затоа сме посветени на патот на изнаоѓање нови можности за мобилни иновации.

Оваа година воведовме подобрувања во секој детал и отворивме нови искуства кои овие уреди ги овозможуваат. Возбуден сум што гледам како луѓето откриваат нови начини да прават повеќе од работите што ги сакаат на новите телефони на преклопување

Секако, сето тоа не би било возможно без отворена соработка со нашите партнери и заедничката желба постојано да се воведуваат иновации во категоријата мобилни телефони. Соработуваме со индустриски лидери како Google, Microsoft и други за да ги прошириме искуствата низ целиот екосистем на уредите на преклоп.

Нова дефиниција за тоа што е можно насекаде

Пред три години, телефоните на преклопување Galaxy може да се опишат со еден збор: револуционерни. Сепак, брзо стана јасно дека овој невиден, флексибилен дизајн совршено се вклопува во модерниот начин на живот. Резултатот е дека она што беше новитет пред три години сега е омилен избор на милиони корисници.

На нашиот Unpacked настан на 10 август, ќе видите дека влијанието на иновациите не е само она што технологијата може да го направи. Тоа се однесува и на она што вие можете да го направите. Уште еднаш, најдовме инспирација во најважниот извор - корисниците на уреди Galaxy - да ги поместиме границите на она што е можно.

Едвај чекам да ви го покажам потенцијалот на нашите нови телефони на преклоп Samsung Galaxy како врвна алатка и за продуктивност и за самоизразување. Сега можете да правите работи што не сте ни замислиле, одеднаш, на еден уред.

Корисниците можат виртуелно да го следат настанот Samsung Galaxy Unpacked преку каналот Samsung YouTube на 10 август 2022 година на линкот - https://www.youtube.com/c/Samsung

Подгответе се да го отворите вашиот свет!


ПР објава