„Една година исполнета со многу љубов, лав ју смотана“: Стефан и Марта прославија годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта, прославија една година брак.

„Една година исполнета со многу љубов, разбирање и заеднички планови. Лав Ју смотана“, напиша Лазаров на заедничка фотографија.

Марта и Стефан годишнината од брак ја прославија на патувањето во Египет.

Парот се венчаше во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а потоа свадбената прослава ја направија во познат скопски ресторан.

Првиот свадбен танц Марта и Стефан го одиграа на песната „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли.

Фото: Инстаграм

„Да направиме една додека сме трезни“: Почна свадбата на Стефан Лазаров, на далеку се слушаат зурли и тапани, се веат македонски знамиња (ФОТО)