Една од најпознатите старлети од овие простори за прв пат се отвори за мајчинството и таткото на детето: Атрактивната Ана Кораќ проговори за сè

Добивај вести на Viber

Ана додаде дека сè за бебето научила од професионалци, особено кога станува збор за капење и менување пелени на детето

Една од најпознатите старлети од овие простори, атрактивната Ана Кориќ по породувањето излезе од медиумскиот андерграунд и проговори за сè за што до сега молчеше.

Имено, таа проговори за мајчинството, нејзиниот партнер, а за почеток откри како ѝ е сега во улога на мајка.

- Пред сè, ви благодарам за прашањето, се чувствувам одлично, баш како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, цело битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме, се слушаме, јас него и тој мене. Што се однесува до недостигот на сон, тоа се слатките маки за кои ми кажуваше мајка ми. Сега целосно ја разбирам. Фала му на Бога, син ми е послушен, добро спие и обврските околу бебето, дали дење или ноќе, не ми се тешки. Штом се разбуди веднаш реагирам и брзо го заспивам. Се адаптиравме, па и јас спијам кога спие бебето. Во меѓувреме завршувам и со други обврски, но бебето ми е приоритет - започнува Ана и додава дека сè постигнува сама, но понекогаш има и помош.


- Само кога е потребно. Не можам да кажам дека немам помош, но сама ги завршувам сите обврски околу син ми. Не сакам да се одвојувам од него, но во секое време му подарувам љубов и внимание. Се разбира, мајка ми е секогаш мојот најдобар советник и нејзината помош вреди злато - додава таа.

Кораќ додаде дека сè за бебето научила од професионалци, особено кога станува збор за капење и менување пелени на детето.

- Имав среќа да го научам тоа од вистински професионалци, па немав страв. Научив сè брзо. Обврските околу син ми не се тешки, напротив уживам да го бањам, менувам пелени и облекувам. Секоја минута ми е забавна, убава, магична, исто како него - нагласува старлетата.

Ана за прв пат проговори за таткото на детето и дали го научила да менува пелени.

- Секако! Таткото е најважната фигура. Синот е ист како татко му, премногу сладок. Ние ги имаме нашите ритуали, нашиот мир и темпо. Двајцата сме координирани околу нашиот син, и верувајте функционираме совршено - додаде таа.

Ана се осврна и на подароците кои ги обожава и откри како се однесува партнерот кон неа.

- Убаво е кога до себе имаш маж кој ти причинува задоволство со работи кои ја радуваат секоја жена. Познато е дека сакам плишани играчки, цвеќиња, слатки. Ова се малите нешта што не издвојуваат нас жените, па сакав да ги споделам со други дами. Секако дека не добивам подароци секој ден. За мене најважни подароци се љубовта, почитта, тоа го добивам секој ден и во што како сопруга и мајка уживам – додаде старлетата.


Старлетата откри и дали го планираат првото семејно патување и која е дестинација.

- Секако! Нека се загрее уште малку и ќе одиме во мојата родна Ивањица, а потоа ќе го посетиме манастирот Тумане. Секако дека ќе има одмори, но сè уште не ја знам дестинацијата, дефинитивно ќе ве известиме.

View this post on Instagram

A post shared by (@ana_korac)


Ана откри и дали планира детето да го облекува според најнова мода.

- Го облекувам како што сите мајки ги облекуваат своите деца. Така правам сега и ќе биде така и во иднина. Не сум роб на брендови, сакам квалитетни работи, но не ги истакнувам јас, туку тие што пишуваат за мене. Јас го разбирам сето тоа. Ретко зборувам за материјални работи и можеби луѓето имаат погрешна слика за мене бидејќи често рекламирав некои комбинации, но тоа беше деловна соработка. Мојот син расте во нормално семејство, каде што се ценат вистинските вредности и тоа ќе се обидам да го истакнам - заклучува Ана за „Република“.

Извор: www.telegraf.rs