Актуелно // Insta вести
Една од најзгодните актерки и директорки кај нас открива од што е зависна: Ужива во летото на максимум
„Кој ме знае-знае дека имам само една зависност-Лето“, вели познатата актерка Маја Андоновска Илијевски која деновиве максимално ужива одморајќи на плажа.
Маја која е и актуелна директорка на Центар за култура Битола и актерка во националниот театар во истоимениот град, секогаш изгледа одлично.
Згодна е, па извајаната фигура горделиво си ја покажува на плажа, а и зошто не би.
Иако сме навикнати почесто да ја гледаме дотерана и стокмена од глава до пети, покрај фотките со синот, харизматична, eта актерка објави и фотка на која се пофали со извајано тело.
Како актерка Маја публиката ја памети од голем број театарски претстави меѓу кои „Обзрни се во гневот“, „Свирач на покривот“, „Слугинки“, “Хамлетмашина“, „Фауст“, „Сон на летната ноќ“.
ФОТО: Инстаграм