Едноделен костим за капење е сè што ви треба ова лето: Овие пет модели ќе ги привлечат сите погледи на плажа
Едноделните
костими за капење се во мода ова лето.
Едноделните костими за капење секогаш изгледаат софистицирано, зрачат со елеганција и одлично се вклопуваат со облините. Тоа е причина плус, барем еден таков модел да носите на плажа ова лето.
За малку да го олесниме изборот, избравме 5 тренди модели кои ќе доминираат оваа сезона.
1. Костими за капење со врзување на вратот
Многу од владејачките модни трендови се базираат на модата од 90-тите и 2000-тите, па овој бран на носталгија не останува незабележан дури и кога се во прашање костими за капење. Моделите со врвки околу вратот и наједноставните модели го прават многу кул, со примеси на стилот од 2000-тите.
Од друга страна, костимите за капење во класичен морнарски стил се 'аут' оваа сезона. Имено, пругите и златните детали се застарени, па слободно прескокнете ги.
2. Костими за капење со светки
Како создадени за денови на базен или на плажа, овие модели се одличен избор за летните вечерни забави. Додека блескавите костими за капење инспирираат летен гламур, ова лето ќе ги прескокнеме класичните спортски костими за капење кои оваа сезона се некако премногу едноставни.
3. Црно-бели костими за капење
Доколку сакате малку поедноставни модели, сигурно ќе се задоволите со костимите за капење во црно-бело. Едноставните црно-бели модели можат да се видат насекаде, од Шанел до H&M, а со тоа го претставуваат водечкиот тренд оваа сезона кога се во прашање костими за капење. Поради нивната едноставност, тие не треба да се потценуваат, бидејќи овие модели изгледаат многу елегантно и луксузно.
Од друга страна, костими за капење во неонски бои како лимета или розова зрачат со многу помала елеганција, а и не се во моден фокус оваа сезона.
4. Модели со исечоци
По фустаните со шлиц, трендот на исечоци се префрли и на костими за капење. Предизвикувачките шлицови на струкот, деколтето и грбот ги красат не само фустаните или топовите ова лето, туку и најубавите костими за капење во сезоната.
Заборавете на едноставните модели, костимите за капење со исечоци се топ хит на сезоната. Пресеците со едноделни костими за капење суптилно откриваат уште повеќе кожа и изгледаат многу заводливо и ефективно.
5. Интензивни бои
Едноделен костим за капење во светла боја како розова или лимета е задолжителен ова лето. Освен што ќе изгледа ефективно, ќе се истакне и вашиот тен.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: unsplash