(ГАЛЕРИЈА) Едноделните костими за капење се ИН и оваа сезона

Добивај вести на Viber

Трендот на едноделни костими за капење продолжува и оваа сезона. 

Голем број дизајнери како и модни куќи со своите летни линии на костими за капење потврдија дека и оваа летна сезона како и минатата, едноделните костими за капење се апсолутен ИН. 

Предноста на овие модели е што ги покрива недостатоците, односно доколку сакате да го покриете стомакот, имате можност да одберете костим кој е со понагласено деколте, а доколку пак сакате да ги истакнете долгите нозе, ќе изберете костим како моделите кои беа актуелни во 90-тите години. 

Исто така, едноделните костими за капење варираат како во дизајнот, така и во однос на боите и принтовите, кои даваат дополнителен ефект на сензуален и заводлив изглед.