Едноставна вежба поради која изгледа како модел со години: Јелена Ѓоковиќ ја покажа својата рутина која можете да ја правите дома
Јелена Ѓоковиќ е пример за многумина кога станува збор за совети за исхрана, воспитување деца, здрави навики и вежбање.
Јелена Ѓоковиќ е посветена жена која се грижи за семејството, но и за себе и за своето здравје.
Таа и Новак ги имаат синот Стефан и ќерката Тара, а секојдневното воспитување деца и всадување здрави навики е одговорност на Јелена за која таа се подготвува и учи од ден на ден.
Нејзиниот изглед е ист со години, таа е како модел кој не се менува, а сите се прашуваат која е нејзината тајна.
Таа на својот Инстаграм го сподели своето секојдневие и откри кои вежби ѝ помагаат да изгледа одлично и да ја врати сета енергија. Фитнес рутината на Јелена се заснова на скокање. Првата вежба е скокање на подигната површина, а благодарение на тоа ќе ги зајакнете мускулите на бутовите, глутеусот, тетивите и листовите. На овој начин и брзо ќе согорите калории.
Втората вежба вклучува стабилно скокање на трамболина, со што се активира целото тело и сите мускули, иако можеби не го чувствувате тоа, но ќе ги движите и нозете, рацете, бутовите, колковите и стомакот. Третата вежба е логична рекреација, со оглед на тоа што живее со Новак Ѓоковиќ, но можете да вклучите и импровизиран тенис дома, не ви треба професионален рекет за почеток.
извор:GLOSSY