Едвај стоеше на нозе, солзите сами ѝ течеа додека пееше: И на последниот настап, Дона Арес се бореше како лавица (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

По континуираната борба со ракот, таа за жал ја загуби битката.

Популарната пејачка Дона Арес во 2014 година откри дека боледува од рак на белите дробови. Долго се бореше, но во 2015 година повторно ѝ се врати преку метастази. По континуираната борба со ракот, таа за жал ја загуби битката.

Дона имаше 41 година кога почина. Беше врвна пејачка и миленичка на публиката, цела нација ја обожуваше. Додека се бореше со опасна болест, Арес одржа голем солистички концерт во сараевска Зетра, а камерите го снимија целиот настан кој веруваме ќе ги насолзи и вашите очи. Пејачката постојано се потела и едвај стоела на нозе. Дефинитивно најболниот, а воедно и најемотивниот момент е кога Дона ја симна периката.

Зад себе остави бројни хитови, и семејство кое цело време беше со неа, а нивната болка не поминува поради загубата на саканата личност.


Нејзината мајка Ајка Колаковиќ си ја отвори душата само три години по смртта на нејзината ќерка.

Ова се денови кога се враќаат спомените и кога станувате секогаш свесни за одредени работи, кога сте „нормални“ и сè во вас вреска. Денови на тишина во душата, кога си свој, а не си свој. Мислам дека сите родители кои го доживеале ова живеат како двојни личности, во едниот дел од вас ја чувате таа болка, а другиот дел функционира нормално поради нашите најблиски. И Дона ми остави во аманет дека морам да бидам силна како таа во нејзината борба. 

Таа помина околу година и половина од болеста во Данска, а по третиот релапс и лекување сама се врати дома. Последните шест месеци ги поминавме заедно, дење и ноќе, а на површина испливаа некои работи кои не требаше да се случат. 

Таа ми рече: „Мамо, ќе напишам нова книга, а книгата „Соба за никој“ е лага за некои личности. Последниве шест месеци главно беше дома и се раскажуваа сите приказни и мило ми е што си ја отвори душата и си замина со чисто срце и душа и сфати која е нејзината најдобра другарка. Им велам на сите мои деца: твоите родители се твоите најдобри пријатели, особено мајка ти, дури и ако некогаш мислеше дека грешат.

Како изгледаше се, можете да погледнете во следното видео: