Ефикасна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусните инфекции

Добивај вести на Viber

Периодов, едно од најпоставуваните прашања беше како човечкиот организам да се бори со вирусните инфекции.

Антиоксиданси или антибиотици, беше дилемата кај многу доктори во процесот на лечење на пациентите за време на пандемијата.

Мултидисциплинарен истражувачки тим од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Институтот за имунобиологија и хумана генетика и Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија од Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј изработи Ин Виво научно истражувачка студија насловена Антиоксидантски и анти-инфламанторни ефекти од користење на Ge 132+ Natural  при вирусни инфекции, а за модел беше користен вирусот на САРС Ков 2.

Опсервациската студија беше спроведена од ноември 2021 до февруари 2022 година, со цел да се утврди ефектот на Ge 132+ Natural врз стрес маркерите и инфламаторните цитокини IL 6, IL 8 и TNF-a на над 30 заразени пациенти со средно тешка клиничка слика, а контролната група од 15 пациенти со иста клиничка слика не беа третирани со препаратот.

Лабораториските тестови кај пациентите заразени со вирусот САРС Ков 2, покажаа абнормалности поврзани со тн. цитокинска бура, која се манифестира со зголемени вредности на CRP, фертилин, брадикинин, интерферон гама, тумор некротички фактор, интерлеукини 6 и 8, висок сооднос на NLR и енормен пад на железото во крвта. Цитокинската бура доведува до хиперкоагулација на малите крвни садови што доведува до оштетување на ткивото како и системското откажување на виталните органи. Оваа состојба е придружена со зголемено ниво на системски оксидативен стрес OSI кој е тригер фактор за многу хронични болести.

По завршувањето на третманот со антиоксидантот Ge 132+ Natural  резултатите покажаа дека се намалуваат индексот на оксидативниот стрес, OSI, за два пати, а параметрите на инфламација, т.е. воспалителните процеси, IL 6 и IL8, за 3 до 6 пати.

Презентираната студија покажа дека дневното користење на актиоксидантот Ge 132+ Natural  во текот на вирусните инфекции, вклучително и Ковид 19 е ефикасна и потентна терапија која обезбедува редокс рамнотежа во организмот и го јакне имунолошкиот систем, особено кај пациенти со хронични болести како дијабет, кардиоваскуларни и белодробни заболувања и кај оние со најтешки дијагнози кои се под константен системски оксидативен стрес.

Етичкиот комитет на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје ја одобри оваа студија под број No 03-4731/6.


ПР објава