Егзотичен микс за Овните, класика за Раковите: Коктел за секој хороскопски знак

Благи, горки, безалкохолни, какви и да се, коктелите може да бидат многу забавни и многу пријатни за разладување во топлите летни денови. Дознајте кој коктел одговора на вашиот хороскопски знак.

# Овен - Pina Colada

Отворените и искрени Овни најмногу уживаат во егзотичните мешавини. Нивниот слободен и храбар дух сака да открива нови и поинакви работи.

# Бик - Vodka Sour

Како знак кој цврсто стои на земја, Бикот сака се што е едноставно и практично, како и овој коктел.

# Близнаци - Margarita

На веселите и симпатични Близнаци најмногу им одговара овој коктел, кој настанал уште во 30 - тите години на минатиот век.

# Рак - Touch Down

Со радост ги одржува старите врски, па така ги сака и класичните коктели. Овој коктел е класика помеѓу коктелите, со неговиот овошен и нежен вкус.

# Лав - Cosmopolitan

Неговиот пијалок е секогаш возбудлив и гламурозен - како и него. Затоа Лавовите често го одбираат овој коктел.

# Девица - Moscow Mule

Овој коктел е малку горчлив како и девиците со нивното директно, но искрено однесување.

# Вага - Mojito

Тие се секогаш убаво облечени и го обожаваат флертот. Со овој коктел во рака сите нивни карактеристики уште повеќе се истакнуваат.

# Скорпија - Sex on the Beach

Тие секогаш воодушевуваат со сексапил, исто како што сугерира и името на коктелот - уживаат во радоста на животот.

# Стрелец - Mai Tai

Овој знак е роден за патувања и авантури и никогаш не ја губи енергијата, затоа вкусот на овој коктел ќе го однесе до далечните краеви.

# Јарец - Ipanema 

Тој е една совесна личност и скоро никогаш не претерува, што значи дек ане знае да се опушти и ужива. Ipanema сигурно ќе ја заштити ситуацијата и ќе ги направи моментите уште подобри.

# Водолија - Cuba Libre

Бидејќи ја сака слободата, за водолијата не постои подобар коктел од кубанскиот коктел со рум.

# Риби - Bowle

Овој пијалок им е омилен за летните забави.

Извор: miss7.24sata.hr