Актуелно // Insta вести
„Ех, да можам да го вратам времето“ – Кога ја пишував песната, како да ја пишував за тебе: Елена Ристеска емотивна за нејзиниот татко
Пејачката Елена Ристеска со семејна фотографија, емотивна за роденденот на нејзиниот татко кој почина пред осум години.
Пејачката која исто така е познат текстописец, напиша песна за Ламбе Алабакоски не знаејќи дека зборовите од оваа песна неколку години подоцна ќе соодветствуваат со нејзината семејна трагедија.
„Осми роденден без тебе тато. Кога ја пишував песнава, како да ја пишував за тебе:
„Ех, да можам да го вратам времето,
ех, да можам да те вратам со него.
Тогаш сè би било знај совршено,
Јас и ти би биле среќни заедно“.
Таткото на пејачката почна пред 7 години на 29-ти септември. Пејачката не пропушта на овој датум да напише емотивни зборови и да објави заедничка фотографија со него.
Фото: Инстаграм