Ексклузивна модна линија „зачинета“ со елеганција: „КОЛЕТ“ - љубов на прв поглед
Екслузивни материјали, светли бои, дизајн кој одлично се комбинира и со патики, но и со високи потпетици. Новата колекција „KOLET“ од линијата „Bella Lure“ ќе ви овозможи да изгледате неповторливо во секое издание и во секоја прилика.
Акцентот е ставен на едноставниот крој и ситните детали, кои ја надополнуваат секоја комбинација. Сатенот ќе направи да заблескате уште при напуштањето на вашиот дом, а комбинацијата на светли бои ќе внесе позитива во вашето секојдневие.
За да добиете поконкретна и подетална слика за новата „runway“ колекција на „Bella“, погледнете во продолжение:
1. Комбинацијата во метално зелена боја од пантолони со висок струк и кратко сако со уникатен крој, слободно ќе може да ја надополните со патики, секако доколку сте љубител на ваквите модни комбинации.
2. Фустан со ѕвонести ракави кој суптилно ја следи линијата на телото и во кајниот долен дел се шири. Маркантен и моќен изглед каде и да се појавите.
3. Фустанот кој ја следи линијата на телото е одличен избор за пролетните денови. Доволни ви се само сандали и едноставна фризура и може да тргнете во освојување на светот.
4. За поелегантен изглед, сакото со уникатен крој може да го искомбинирате со „молив“ здолниште, со тоа што овој пат акцентот на целата комбинација ќе го ставите на кошулата со карнер.
5. Ресите повторно се враќаат на големата врата, а „Bella“ секогаш се труди да ги следи новините во светот на модата. Така оваа кошула со реси на ракавите, би била одличен избор за вас, доколку сакате да бидете во тренд.
* ПР - објава