Ексклузивна репортажа од Давос: Женски лаунџ бар со најмоќните жени од светот

Добивај вести на Viber

Во срцето на Светскиот Економски Форум е стациониран и лаунџ бар на еднаквост во партнерска организација на Делоите, Фејсбук, Политико, Виза, САП, ПвЦ, Проктер и Гембл, Џони Вокер и други.

Лаунџ барот започнува секое утро во 7 часот, а поделен е на неколку делови, нетворкинг сала со наограничена храна и пијалоци, иако најчесто сите нарачуваат шампањ или кафе; потоа на сала за презентации и нетворкинг и на медиска сала каде се одржуваат интервјуа.

Низ лаунџот на еднаквост како што е официјалниот назив, во овие три дена поминаа некои од најмоќните бизнис жени,  но и мажи во светот. Првиот дел имав можност да го слушам извршниот директор на најголемата консултантска агенција во светот, Бостон Консалтинг Груп  Рич Ласер, кој зборуваше дека пред 4 години со развојот на концептот за вештачка интелигенција предвидувањата биле дека машините ќе го заменат човекот. Но денес, размислуваме дека организациите на иднината ќе бидат биониски односно употреба на машини при олеснување на процесите, но и луѓе кои ќе ги менаџираат истите.

Ми остави впечаток и извршната директорка на Мастеркард, Ан Каирнс која на прашањето дали на работа се сретнала со дискриминација само поради фактот што е жена, откри дека во текот на бременоста решила да се откаже од работа поради тоа што морала да се врати после неколку недели, но наместо да даде отказ директорот и дал унапредување и и рекол да го земе времето што и е потребно.


Маркетинг директорката на Формула 1 зборуваше за жените во спортот и колку рекламите со жени во спортот предизвикуваат поголем интерес, а ги спомена и примерите со Пума и Најк.

Уредничката на Британскиот магазин “Вог”, Ванеса Кигнори предизвика најголема лавина овации бидејќи зборуваше дека жените треба да се подржуваат меѓусебно.

“Доколку сте успешна жена и познавате друга жена која сака да започне бизнис или да направи промена, а нема самодоверба, помогнете и споделете го своето знаење и поддршка. Направете добро, жените меѓусебно го заслужуваат тоа ”, изјави Ванеса.

По завршувањето на панелите, гостите имаа можност да разменат визит карти и да разговараат со панелистите.

За Женски Магазин од Давос, Аријана Коскарова, Форбес под 30 и спикер на годинешниот форум во Давос.