Екскузивни фотографии од веселата свадба: Бисера Јордановска стана Зекири
Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска во хотелот Double Tree by Hilton, каде што кум беше премиерот Зоран Заев со неговата сопруга Зорица Заева.
Матичарот ја венча двојката во хотелот, а невестата го презеде презимето на младоженецот.
На свадбената весеба поканет бил и претседателот на државата Стево Пендаровски, а присуствувале и министри од Владата како Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Рената Дескоска и други.
Цела вечер владеело одлична и весела атмосфера, со народна и забавна музика, и на македонски и на албански јазик.
Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак.