Елегантни се, а во нив ќе издржите цел ден: Класичните салонки одат во заборав, а ова се чевлите број 1 за сезонава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Жените ги обожаваат заради нивната удобност и елегантен изглед!

Иако обувките со високи потпетици останаа во втор план заради глобалната пандемија и потребата од удобност во последните неколку месеци, сепак се добредојдени нивните верзии со потпетица висока само неколку сантиметри, а богатата понуда на полиците во продавниците зборува многу.

Таканаречените slingback чевли, чија главна карактеристика е дизајнот на отворена пета, денес се најпосакувани со нивната на минијатурна штикла.

Овој вид обувки ги додаваат потребните сантиметри на фигурата без да жртвувате удобност и затоа не е изненадувачки што тие уживаат популарност на модната сцена.

Популарноста на чевлите е поткрепена со податоците на модниот пребарувач Lyst, според кој потрагата по нив значително скокнала во првите месеци од 2021 година, а со својот елегантен изглед тие често ги надминуваат и класичните салонки.

Како нивна главна предност, жените ја истакнуваат удобноста. Благодарение на дизајнот во знакот на ремче што се обвиткува околу глуждот, нема страв од потенцијални плускавци на петицата, а доколку се одлучите за модел на чевли со стабилна блок штикла, несомнено ќе издржите цел ден во нив.

Дали и вие ова лето ќе ги замените класичните сандали и салонки со slingback  чевлите?


извор:stil.kurir.rs
фото:instagram