Елена Милева: Знам што е најдобро за моето бебе

Од моментот кога постанувате родители, се менува целата ваша перцепција за животот како и приоритетите кои си ги поставувате пред себе. Сосема е нормално целото внимание да е насочено кон новиот член на семејството за кого сакаме да ја овозможиме најдобрата можна нега. Многупати тазе родителите сметаат дека ќе настане вистински ,,хаос’’ по доаѓањето на новиот член во семејството, но тоа не мора да биде така доколку од старт се подредат пресудните работи кои значително ќе го олеснат секојдневието.

Правилниот избор од секој аспект за правилниот развој, исхрана, козметика и секако пелени за децата можат од корен да ги променат ,,претпоставките’’ за новиот тек на живот кој претстои.

Честопати сакаме да ги слушнеме мислењата на родителите за тоа кои се клучни и пресудни фактори кога станува збор за одбирање на идеалната пелена за своите деца и можеме да констатираме дека речиси кај сите играат улога овие три фактори:

1.Индикатор за влажност

2.Гаранција за избегнување било какви иритации и осипи на кожата

3.Достапна и разумна цена

Имавме прилика да разговараме со новопечената мама, Елена Милева која со задоволство го сподели своето искуство со нас во врска со потрагата по идеална пелена за своето синче Лиам и секако досегашните впечатоци од користењето на CanBebe пелените. 

Елена ни напомена дека постанувањето на родител е сериозна, најтешка и секако најодговорна работа на светот. Имено нашата денешна мама ни раскажа дека додека живеела во странство имала прилика да добива совети од многу места за тоа од каде треба да набави пелени, кои пелени се најдобри и слични совети поврзани со новороденчиња кои ги опфаќаат стандардните теми: исхрана, заспивање, бебешка козметика.... но на крај заклучила дека самата треба да ја донесе својата одлука што е најдобро за своето малечко..

Кога се вратила да живее повторно овде во Македонија, изборот паднал на CanBebe пелените кои ги исполниле сите критериуми кои навистина ги барала во една пелена и ги исполниле сите нејзини очекувања, дури и повеќе од тоа.

Како мајка која смета дека треба да ја овозможи најдобрата нега за своето дете, да му обезбеди сувост преку целиот ден и секако чувство на пријатност, на крај се одлучила за CanBebe пелените. Претходно имала непријатни искуства со повеќе брендови во странство и кај нас кои едноставно не и ги овозможувале оние три клучни фактори кои играат најважна улога и ни напомена дека не секогаш цената е пресудна за совршената пелена. 

На почетокот вината за протекувањето на пелените ја барала кај себе, сметала дека едноставно не знае како соодветно да ги намести поради неискуството – до моментот додека не ги пробала CanBebe пелените. Индикаторот за влажност значително и го олеснил секојдневието и на тој начин точно била информирана кога треба да промени нова CanBebe пелена.

Лиам денес е среќно бебе, без иритирана кожа, бебе кое мирно спие преку цела ноќ, ја добива потребната нега и е задоволно од изборот на пелените кои мама Елена со сопругот ги одбрале за него. Новопечените родители своите грижи за пелените веќе ги оставаат на страна, бидејќи својата доверба му  подарија на CanBebe. Задоволството на нивното бебе е и нивно задоволство, бидејќи Лиам е приоритет број еден во нивните животи.

Денес Елена и сопругот се задоволни од својот избор и знаат точно во кое време треба да тргнат во ,,акција’’ кога пелената на Лиам треба да биде променета, поради индикаторот кој им сигнализира дека е време за нова пелена. Тазе родителите сметаат дека никогаш не е доцна да се пробаат нови нешта од кои ќе добијат само бенефити за целото семејство и топло ги препорачуваат CanBebe пелените. 

Елена Милева е уште еден пример за мајка која добро знае дека ,,Што се случува во CanBebe, останува во CanBebe’’.


ПР објава