ЕЛЕНА РИСТЕСКА, ГОРДА НА ИЗЛОЖБАТА НА СЕСТРА И ДРАГИЦА: За малку и јас не станав уметник

Добивај вести на Viber

Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав уметник

Ликовната уметница Драгица Ристеска-Димитровска сношти ја одржа својата самостојна изложба, „Фрагменти“. Поп-ѕвездата Елена Ристеска како помала сестра, и семејството, на Драгица и се најголемата поддршка во овој проект.

Елена беше понемирна, јас помирна. Таа и сега зборува многу повеќе од мене. - поп-ѕвездата со сестра и Драгица на нејзината вчерашна изложба 


„ Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, ни изјави Елена сношти. 

Нејзината сестра низ насмевка се потсети на детството. „Елена беше понемирна, јас помирна. Таа и сега зборува многу повеќе од мене. Јас не сакам многу медиумско внимание, зборување во јавност, но да сликам, би можела по цели денови и ноќи“, ни изјави Драгица Ристеска-Димитровска, која е мајка на четиригодишната Делфина, и е вработена во државна институција. Сликањето е нејзина голема љубов. Лани, дело на Драгица беше презентирано на изложба во Венција, а преклани, таа беше дел од интернационалниот ликовен настан „Артекспо“ во Милано.


„ Инспирацијатаја наоѓам во локалната средина, но и во многуте патувања низ светот. Тој организиран хаос на се што гледам, а се случува околу мене, се обидувам да го смирам. Живееме во свет што ја изгуби димензијата на убавината. Да се пронајдеш себе си во таков свет и не е така едноставно. „Фрагменти“ е циклус од остатоци, фрагменти, сенки. Фрагментот како дел од нешто, остаток и сеќавање, како исечок од стара фотографија, како сложувалка што се надоградува“, ја опиша Рисеска својата изложба. Дел од сликите носат интересни имиња инспирирани од нејзините патувања: „Кина“, „Небото над Венеција“...

М.Џаровска