ЕЛЕНА РИСТЕСКА И ДНК: „Буена виста“ танц во Швајцарија
Елена Ристеска , заедно со Владимир Блажев- Панчо и Андреја Ѓорѓиески од дуото ДНК изиграа латино-американски танц во Лозана, Швајцарија. „Танчарската група „Севдалинка“ гостува на „Буена виста“, напиша Елена на својот инстаграм профил под видеото каде што со колегите танцува на музика од бенд кој свири кубанска музика.
Елена, Панчо и Андреј беа во Берн, на заеднички настап во дискотеката „Палма“.
„Одлично поминавме, не следеше фантастична публика. Организаторите ни рекоа дека супер сме поминале, сме имале најмногу публика од сите македонски артисти до сега. Го искористивме слободното време да прошетаме и до Базел, Лозана и до Монтре“, ни изјави Елена.
„Позитивни луѓе, позитивни вибрации, фанстастично шоу“, додаде Панчо кој често знае да ја нарече Елена сестра.
Елена, Андреј и Панчо на заеднички настап во дискотеката „Палма“
ДНК и Елена, во Швајцарија ги испејаа секој своите најголеми хитови, а публиката топло го прими и нивниот дует „Како да се радувам“. На крајот на месецов, ДНК ќе го промовираат новиот албум.
(М.Џ.)