Елена Ристеска слави 2 децении на естрадата: „20 години творечки полет и самодокажување“

Добивај вести на Viber

Пред две децении на музичкото реалити шоу „Плеј“ Елена Ристеска ѝ се претстави на македонската публика и оттогаш започна нејзината кариера во нагорна линија, па денес таа е една од најпознатите наши музички имиња, и не само кај нас пејачката е со редовни настапи и соработки и надвор од границите на Македонија, особено во Србија, Хрватска и Црна Гора. 



Нејзиниот деби сингл „Она Другото“, стана хит кој се слуша и ден денес, а други нејзини познати и најслушани песни се: „Доживотно“, „Текила“, „Милионер“, „Усни како темно мастило“, „Немаш право ти да ми судиш“, „Без шминка“, „Што си ти“, „А можевме“, „Доста“, „Нинанајна“ песната со која не‘ претставуваше на Евровизија во 2006 година и со која го освои 11 место.  


Но, таа има и соработки со други естрадни уметници, како пејачот Ламбе Алабаковски кои заедно го отпеа безвременскиот поп македонски хит „Најдобро до сега“, со Панчо ДНК ја отпеа песната „Како да се радувам“, но имаше соработка и со еден од најдобрите машки вокали на Балканот, ѕвездата Хари Мата Хари, а двајцата ја отпеа „Josh me plashish“.


Ристеска има и многу награди кои ги освоила во текот на овие 2- те децении посветена работа. А за овој значаен и посебен јулбилеј за неа, Ристеска на социјалните мрежи напиша: 


„ Денес славам убав и значаен јубилеј. Денес славам 20 години кариера на естрадата. 20 години на творечки полет и самодокажување. Секогаш со задоволство создавав нешто убаво за својата публика и за своите обожаватели. Ви ветувам дека и во иднина со задоволство ќе пеам за вас..

Девојчето со црвените чорапиња слави 20 години од кариера“. 


Фото: Фејсбук/Youtube - screenshoot

Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Не ми студеше: Елена во мини фустан и летни чизми ја стопли публиката на концерт на отворено и запеа со внука ѝ Делфина