Елена Велевска: Мојот совршен свет (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Елена Велевска, барем засега, одлично ги менаџира семејните обврски и покрај бројните ангажмани врзани за кариерата за кои редовно информира на социјалните мрежи. Овојпат, фановите ги почести со фотографии од нејзините три деца под кои напиша „Мојот совршен свет“.

- Да се биде мајка е едно од најубавите чувства за било која жена, тоа е едно големо признание и најголем епитет. Кога се станува мајка тоа значи дека не ти е тешко ништо да направиш за детето, тоа значи дека вложуваш во себе и во својата иднина. Апелирам до младите да не остануваат без деца, затоа што се е минливо, и младоста и кариерата – изјави Велевска во едно интервју.