Еликсир за младост и добро здравје: Рецепт на монах од Тибет само со две состојки
Фото: Pixabay
Овој еликсир за добро
здравје и младост не е без причина популарен и на истокот и на западот
Еликсир, кој го чисти телото и ја одржува виталноста на телото и духот долго време го користеле тибетските монаси. Специјалната мешавина помага во намалување на симптомите на проширени вени, ја активира мозочната активност, ја подобрува меморијата, видот и слухот, поттикнува подобра функција на цревата, ги чисти крвните садови и генерално го зајакнува имунитетот. Овој еликсир на добро здравје и младост не е без причина популарен и на истокот и на западот.
Сепак, оваа мешавина не треба да ја земаат луѓе кои се алергични на лук, имаат заболени бубрези, гастритис и чиреви на желудник, како и бремени жени и доилки.
Тибетските монаси велат дека ефектот на овој „лек“ е исклучително силен, па затоа во никој случај не треба да се злоупотребува. Луѓето под 50-годишна возраст не треба да до консумираат повеќе од еднаш во три години. После тоа, потребно е да се паузира, а потоа да се користи тинктурата само еднаш годишно.
Пред да започнете со употреба на овој тибетски еликсир, потребно е прво да го исчистите телото со диета. Околу една недела избегнувајте масно, пушено, пржено месо, индустриски сосови, брза храна, слатки со висока содржина на шеќер. Пијте најмалку два литра чиста вода дневно. Не консумирајте алкохол, јак чај и кафе, какао и силни зачини. Вежбајте, движете се повеќе, бидете на отворено.
Тибетски рецепт за еликсир за добро здравје и младост
За подготовка на ова тинктурата, земете еднакви количини лук и алкохол (може квалитетна вотка): на 100 грама лук - оди 100-150 милилитри алкохол.
Излупете и ситно исечкајте го лукот. Ставете го во шише или тегла со капаче за вакуум. Наполнете со алкохол, затворете, добро протресете го и ставете го на ладно и темно место да отстои 10 дена. Можете исто така да го чувате во фрижидер, но пред тоа е потребно да го завиткате садот во темна крпа.
По 10 дена, исцедете ја смесата, исцедете го талогот преку газа. Истурете ја тинктурата во истиот сад повторно, затворете ја и оставете ја да стои уште четири дена.
Начин на употреба: „Лекот“ треба да се зема 10 дена. Се консумира со 50 ml млеко на следниот начин: 3 пати на ден 20 минути пред оброк. Третманот започнува со една капка тинктура, а потоа се зголемува - две капки на вториот ден, три на третиот ... И така натаму пет дена. Од шестиот ден, дозата се намалува во обратни пропорции: 5-4-3-2 и 1 капка.
Извор: alo.rs
Можеби ќе ве интересира:
Еликсир на познатиот руски доктор Михалков: Го чисти телото од паразити и токсини преку ноќ