ЕЛОВА - За жените кои се обидуваат да забременат
Многу жени се соочуваат со неплодност. Според
статистиките, плодноста кај жените значително опаѓа по 32-та година од
животот, а уште побрзо по 37-та година. Па ако, подлого време се
обидувате да
забремените, но не успевате, треба да ги идентификувате причините кои
можеби се проблем за неплодност.
Причини за неплодност кај жената
Причините за неплодност кај жените можат да бидат предизвикани од овулаторни проблеми, вклучувајќи и синдром на полицистични јајници, абнормалности во транспортот на гаметите, неуспешна имплантација или спонтан абортус.
Синдромот на полицистична јајници е едно од најчестите хормонални ендокрини заболувања кај жените во репродуктивната возраст.Иако генерално се смета дека состојбата не е подложна на дијагностицирање, се верува дека синдромот на полицистични јајници влијае на околу 10% од жените во репродуктивиот период.
Синдромот на полицистични јајници се карактеризира со: овулаторни и менструални нерегуларности, акни, мултипни бенигни оваријални цисти,хиперинсулинемија со инсулинска резистенција кај 70-80% од случаите и гојазност.
ЕЛОВА – природно решение за подобрување на плодноста
Доколку вашата дијагноза е токму полицистични јајници, ви го препорачуваме ЕЛОВА на Бионика Фармацеутикалс - клинички докажан препарат во зголемување на стапката на бременост за 3 месеци. Станува збор за 100 % природен додаток во исхраната кој се препорачува на жените кои сакаат да забременат, а кој ги обезбедува препорачаните дневни дози на мио-инозитол и фолна киселина.
Мио-инозитол ја обновува овулацијата кај 70% од жените со синдром на полицистилни јајници и ја зголемува стапката на бременост за 24%. Од друга страна, фолната киселина позитивно влијае на мајката, но и на плодот. Ниското ниво на фолната киселина претставува ризик фактор кој може да доведе додефекти на невралната туба кај фетусот во развој. Така, жените кои планираат бременост треба дополнително да внесуваат фолна киселина од 400 μg дневно. Најдобро е да се зема ЕЛОВА во времетраење од најмалку 3 месеци, а да се прекине во случај на бременост. Побарајте го во сите подобро снабдени аптеки.