Елтон Џон на третиот ден од медениот месец ѝ рече – сакам да заминеш: Се знаеше дека е геј, а сепак се ожени за неа
Љубовниот
живот на Елтон Џон отсекогаш бил интригантен, а кога првпат објавил дека се
жени, сите биле шокирани.
Легендарниот музичар Елтон Џон се прости од британската јавност во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија.
-Ова е многу посебна и трогателна ноќ за мене, ова е можеби мојот последен настап во Велика Британија, па сакам да помине добро, рече музичарот, видно трогнат од овации од публиката, која го поздрави со громогласен аплауз.
Елтон Џон, кој на 8 јули ќе ја заврши својата светска проштална турнеја во Стокхолм, го затвори 51. Фестивал пред десетици илјади посетители на познатата сцена „Пирамида“.
Според зборовите на неговиот сопруг Дејвид Фурниш, Елтон Џон, трогнат од тоа како го поздрави публиката, иако се збогува со сцената, на есен планира да работи на нов албум.
Инаку, малкумина знаат дека пред истополовиот брак со Дејвид, Елтон Џон беше во брак со Рената Блауел.
Двојката се
запозна на почетокот на 1983 година во Лондон. Рената работела како техничар за
звук, па го запознала Елтон кој штотуку го завршувал својот албум „Too Low“.
Додека Елтон бил ексцентричен, Рената важела за мирна личност. Се чини дека тоа му се допадна на музичарот. Помалку од една година откако се запознале, на 10 февруари 1984 година, додека биле на вечера, Елтон ја запросил Рената. Таа веднаш се согласила, а венчавката се случила три дена по свршувачката.
Пријателите биле шокирани со оглед на тоа што Елтон јавно кажа дека е бисексуалец уште во 1976 година, иако сите беа убедени дека тој е геј.
Неговиот близок пријател подоцна изјавил дека венчавката покажала колку е силна желбата на Елтон да основа семејство. Мајката на Елтон, Шила, рекла дека на младенците ќе им подари количка.
Четири години подоцна, во ноември 1988 година, парот се развел.
Рената практично исчезна од очите на јавноста, а оттогаш никогаш не проговори за бракот со музичарот.
Кога се дозна за разводот, Рената тврдеше дека таа и Елтон се развеле спогодбено и дека имале намера да останат најдобри пријатели.
Меѓутоа, документите доставени до Високиот суд во Лондон неодамна се појавија во јавноста, во кои се вели дека Рената се обидела да се самоубие откако музичарот ја оставил.
Блауел вели дека се предозирала со Валиум откако нејзиниот сопруг и рекол дека „бракот не функционира и дека сака да си замине“ на третиот ден од нивниот меден месец.
Барањето се појави како дел од нејзината тужба против пејачот поднесена претходно, барајќи отштета од 3 милиони фунти, откако Елтон Џон, наводно, ги прекршил условите за нивниот развод, откако го спомнал нивниот брак во неговата автобиографија од 2019 година и во филмот „Rocketman“.
Таа вели дека тоа
ги влошило нејзините долгогодишни проблеми со менталното здравје бидејќи се
нашла во медиумите и јавноста и наводно потрошила илјадници фунти на терапија.
Во тие години, Елтон се борел со зависноста од дрога и алкохол, а во едно интервју од 2008 година, тој коментираше за бракот и зависноста: „Наркоман мисли вака: Имав доволно момчиња, па сега Ќе се омажам за жена која ќе промени се. И ја сакав Рената. Таа е одлична девојка. Навистина ја сакав. Но,знаеш...тоа е една од работите за кои најмногу се каам во животот, што ја повредив."
Набргу по разводот, Елтон за магазинот Ролинг Стоунс призна дека е геј, а не бисексуалец. Во 2014 година се ожени со својот долгогодишен партнер Дејвид, со кој има два сина: Захарија (2010) и Ели (2013).
Во текот на 2017 година, како поддршка на истополовите геј бракови, Елтон го објави следново на својата страница на Инстаграм:
-Пред многу години, ја избрав Австралија за да се омажам за прекрасна жена за која чувствувам многу восхит и љубов. Сакав повеќе од се да бидам добар сопруг, но негирав кој сум навистина, што ја растажи мојата сопруга што кај мене предизвика огромен гнев, вина и жалење“.
Рената добила 5 милиони фунти за разводот, како и селската куќа што и ја купил Елтон. Таа живеела осамен живот, а подоцна се вратила во Германија да се грижи за нејзините постари родители. Не се знае што прави сега.
Фото: Youtube/screenshot