Емина Јаховиќ му прати јасна порака на бившиот: Пејачката прв пат се огласи откако Мустафа ожени друга
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведоа во 2018 година
Пејачката Емина Јаховиќ и пејачот Мустафа Сандал беа во брак десет години. Двајцата ги имаат синовите Јаман и Јавуз. Нивниот брак не помина без проблеми. Имале многу несогласувања, од кои најголемото било околу плаќањето алиментација.
Пејачката не се огласуваше многу на оваа тема, но летово изјави дека процесот се уште е во тек. По Емина, Мустафа се ожени со две децении помладата партнерка Мелис Сутшуруп, а пејачката не го коментираше тоа.
Сепак, како што пренесува српски „Курир“, турските медиуми пред неколку дена ја запреле Емина на улица, а таа за прв пат проговорила за врската со Мустафа, како и за воспитувањето на нивните синови.
- Со адолесцентите е многу тешко, особено кога тие се под лупата на јавноста како моите и на Мустафа синовите. Поради ова, тие двајца понекогаш остануваат гладни за нашето внимание, со оглед на тоа што и ние сме посветени на нашите обврски. Мустафа моментално повеќе време поминува со својот помлад син Јавуз, кој повеќе личи на него - изјавила Емина, а потоа на поранешниот сопруг му посакала среќа во новиот брак.
- Мустафа, биди доволно среќен! - тоа беше се што му посакала Јаховиќ.