Емина Јаховиќ со солзи во очите открива колку и тешко и каде ќе живее со децата по разводот

Добивај вести на Viber

Eмина Јаховиќ и се обрати на јавноста по пат на Инстаграм на темата развод од Мустафа Сандал, со кој има две деца.

Пејачката се огласи и напиша дека многу работи за кои се пишува се невистина и демантираше дека со децата се сели во Нови Пазар.

-Драги мои обожаватели, сите вие кои ме поддржувате во овие тешки моменти...Сакам да ви кажам дека сите гласини на тема за мене, заминување во Нови Пазар и живот таму, не се вистина  и не се точни. Својот живот, како и порано ќе го продолжам овде, во Истанбул, поради школувањето на моите деца и поради животот на кој навикнав а во Белград и Нови Пазар ќе одам само од деловни причини-рекла Емина со треперлив глас и солзи во очите.

-За жал, јас не можам да ги запрам сите шпекулации. Ние гледаме поради нашите деца се да помине во најдобар можен ред и се да биде како и порано-завршила пејачката и додала дека за својата публика подготвува два нови синглови.