Емотивен момент на концертот на Владо Георгиев: Ќерката го изненади пејачот, излезе на сцена и му скокна во прегратка

Добивај вести на Viber

Владо Георгиев неодамна одржа концерт во Херцег Нови, а имаше емотивен момент кога на сцената му се придружи и ќерката Елена.

Имено, за време на изведбата на песната „Анѓеле“, на сцената излезе ќерката на Владо Гергиев која веднаш го прегрна својот татко, а тој внимателно ја зеде и ја седна на столче и цело време и пееше.

Овој емотивен момент на сцената предизвика голем аплауз, а ќерката цело време го гушкаше и бакнуваше пејачот.

Инаку, Владо Георгиев има две ќерки со 15 години помладата партнерка Милица Самарџија.

Тие двајца се запознале на снимањето на спотот за песната „Искрено“.

Тие во 2018 година ја добија ќерката Елена, додека постарата наследничка Софија се роди во 2016 година.

Георгиев еднаш изјави дека тој и Милица имаат потполно исто размислување.

„Не би рекол дека Милица се адаптирала, туку дека сме „тенџере и капаче". Ние двајца го мислиме истото, почнувајќи од тоа дека сме против матичар, па понатаму. Важни се само фактите за нас, само она што е навистина важно“, изјавил во една прилика пејачот.

Фото: Принтскрин /Fantombeograda
Извор: Blic.rs