ЕМОТИВЕН ОСМОМАРТОВСКИ КОНЦЕРТ: Четири генерации ги пееја хитовите на Калиопи во Чачак
Поп-дивата Калиопи Букле одржа успешен концерт во српскиот град Чачак, по повод Денот на жената, Осми март. Големата сала на Домот на културата беше исполнета до последно место, а на последните денови пред концертот се барал и билет повеќе.
Калиопи и нејзиниот бенд ја кренаа публиката на нозе, и предизвикаа бура од емоции
Калиопи и нејзиниот бенд ја кренаа публиката на нозе, и предизвикаа бура од емоции. Четири генерации ги пееја хитовите на Калиопи заедно со неа. Секоја песна била пречекана со воодушевување и реакции коишто делувале многу мотивирачки за музичарите на сцената, да го дадат најдоброто од себе.
Дел од српските новинари, по концертот изјавија дека никогаш до сега не ја доживеале на овој начин нивната публика од Чачак, која е исклучително пребирлива и една од најкритични настроените во регионот.
Импресиите на Калиопи се дека ова е еден од нејзините најдобри концерти и дека за тоа е најзаслужна публиката, која од самиот старт на концертот и ги раширила рацете за најубавото добредојде. „Експлозија од емоции, ви благодарам Чачак“, изјави Калиопи. Српските медиуми велат дека за овој концерт допрва ќе се зборува.
Дел од српските новинари, по концертот изјавија дека никогаш до сега не ја доживеале на овој начин нивната публика од Чачак, која е исклучително пребирлива
Калиопи веќе долго време има серија успешни настапи низ градовите во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Таа одржа два концерти во Белград, три концерти во Бања Лука, потоа во Загреб, Сараево, Тузла, Зеница, Мостар, Тиват, Котор, Подгорица и Нови Сад. Публиката позитивно реагира на песните од нејзиниот актуелен албум „Мелем“, кој го работеше со продуцентот Ромео Грил, како и на старите хитови.
Милица Џаровска