Емотивна исповед на Данијела Мартиновиќ (50): Низ приказни му се обраќам на моето неродено дете, на мојата малечка Мрвица
Додека во регионот се шират муабети за Петар Грашо и неговата врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, 15 години помладата Хана Хуљиќ, како сите да заборавија на Данијела Мартиновиќ.
Изгледа дека на Грашо му е супер, но што прави Данијела сега кога остана сама по дваесет и кусур години врска?
Додека многумина зборуваат за тоа дека наводно младата Хана е бремена, и дека токму поради потомството, Петар решил да ја остави Данијела, се потсетуваме на интервју со пејачката во кое таа зборуваше за неоствареното мајчинство:
Исповедта на Данијела Мартиновиќ е искрена, а пејачката која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како на друг начин се справува со тагата поради тоа што не е остварена во улогата на мајка, и како наоѓа инспирација за создавање во најтешките моменти.
„Мајчинството за мене е доста тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш такви наслови за моето неостварено мајчинство ми изгледаат толку вулгарно, и неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во која му се обраќам на моето неродено дете, на мојата малечка Мрвица. Знаете, оние долги ноќи кога имате чувство дека нема почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останете заглавени во пукнатината на времето. Сакав да ѝ кажам се' од прво лице еднина“, изјави Данијела за Јутарњи лист пред неколку години.
Пејачката тогаш без тронка двоумење изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но и понатаму верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќата и без дете.
„Детето е моја голема желба, која никогаш не сум ја криела, но поради некоја причина се уште не се случило. Не се откажав да бидам мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна иако тоа никогаш не се случи“, изјави тогаш поранешната партнерка на Петар Грашо, пренесува споменатиот медиум.
извор:stil.kurir.rs