Емотивно: Принцезата Шарлот тргна по стапките на баба Дајана (Фото)
Второто дете и единствената ќерка на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот, веќе е вистински миленик на јавноста. Со нејзиниот пресладок изглед, сите веќе ја обожаваат, а фактот што таа започна да оди по стапките на својата покојна баба, омилената принцеза Дајана, ќе ве воодушеви уште повеќе.
Младите наследници на британската круна од раното детство се преокупирани со различни хобија кои се сметаат за соодветни за нивниот статус и класа. Токму затоа сите кралски деца кога одат во градинката, имаат и дополнителна активност за да ја развијат својата креативност, но и спортската страна.
Принцезата Шарлот, средното дете на војводата и војвотката од Кембриџ, во јануари почна оди во ексклузивната градинка „Вилкокс“. Градинката годишно се плаќа, повеќе од 10 илјади евра за утринските, а малку повеќе од 6 илјади евра за попладневните смени. Некои од дополнителните активности за тригодишната принцеза оттогаш, покрај игрите и грнчарството, се поезијата и танцот.
Нејзината мајка Кејт Мидлтон, откри дека омилено хоби и е танцот. „Тој апсолутно го обожава", изјави Кејт.
Љубовта кон танцот на малата принцеза очигледно била наследена од нејзината баба, која таа немала можност да ја запознае.
Имено принцезата Дајана целиот живот го поминала во различни танци. Уште како дете, таа одела на балет, модерен и џез-танц, а подоцна и преку нејзините кралски ангажмани, таа често се фалела со своите вештини. Многумина се сеќаваат на танцувањето со актерот Џон Траволта за време на посетата на „Белата куќа“, но исто така и на позната изведба со танчарот Вејн Лип во „Кралската опера“ во Лондон.
Дури и нејзиниот постар син, принцот Вилијам, еднаш рекол дека неговата мајка е одлична танчерка.