(ГАЛЕРИЈА) ЕНЕРГИЧЕН НАСТАП НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ВО СКОПЈЕ: Нема да чекаме 15 години за нов концерт
Еден од најдобрите женски вокали во регионот, Марија Шерифовиќ, сношти заслужено ја наполни ВИП Арената „Борис Трајковски“. Очекувањата дека најголем нејзин хит е евровизиската „Молитва“ излегоа погрешни. Речиси секоја песна на Шерифовиќ е хит кај скопската публика.
Ве молам, запалете ги сите вашите мобилни телефони и пејте. Изгасете ги сите светла“, рече Шерифовиќ. За миг се создаде неколкуилјаден хор, кој направи ѕвездено небо со светла од телефоните
Со баладите во кои таа главно пее за тажна љубов, се пронаоѓаат младите нејзини фанови. На првиот концерт на Марија во Скопје, сите тие песни беа проследени со силно врескање и гласно пеење.
„Сакам нешто да ве замолам. Ако ова не го сториме, концертот нема да продолжи. Сакам засекогаш да ја запаметам оваа убава вечер. Ве молам, запалете ги сите вашите мобилни телефони и пејте. Изгасете ги сите светла“, рече Шерифовиќ. За миг се создаде неколкуилјаден хор, кој направи ѕвездено небо со светла од телефоните, и во еден глас ја пееше песната „Паметна и луда“. Марија снимаше и видеото го постираше на нејзиниот Инстаграм профил.
Очекувањата дека најголем нејзин хит е евровизиската „Молитва“ излегоа погрешни. Речиси секоја песна на Шерифовиќ е хит кај скопската публика.
Уште еден емотивен момент беа двете песни од Тоше Проески, кои таа ги испеа во хрватска верзија, „Игри без граници“ и „Боже чувај ја од зло“. Песните од Тоше совршено одговараат на вокалот на Марија. На скопскиот концерт, таа премиерно ја испеа и новата песна „Није љубав то“ и на сцената ја даде целата своја енергија, која македонската публика ја препозна и ја награди. „Нема да чекаме уште 15 години за нов концерт“, порача Шерифовиќ за крај.
Милица Џаровска