,

„Ентер фест“ се одложува за крајот на летото

Добивај вести на Viber

Премиерното издание на фестивалот „Ентер фест“ нема да се одржи од 29 мај до 2 јуни како што првично беше најавено. Организаторите информираат дека единствената причина за одложувањето се неповолните временски услови.

- Со оглед на најавените врнежи за време на  одржувањето на фестивалот, принудени сме да го презакажеме одржувањето на фестивалот. Со цел вистински и непречено да уживаат сите присутни во музиката и забавата, во убави и топли летни денови и ноќи без дожд , го 

поместуваме одржувањето за периодот од  29 август до 2 септември – стои во официјалниот допис на организаторите кои за утре имаа најавено и прес-конференција која во меѓувреме ја откажаа. 

Фестивалот веќе неколку седмици бомбастично се најавуваше како петдневна забава со домашни и регионални ѕвезди со симболична цена од 990 денари. Тамара Тодевска, Ера Ештрефи, Масимо Савиќ, Дадо Топиќ, Игор Џамбазов, Гуру Харе и бендовите „Атомско склониште“, „Партибрејкерс“, „Ван Гог“, „Дивље Јагоде“ и „Елементал“ се дел од изведувачите кои требаше да настапат.

- Ќе имаме светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје и врвно озвучување. За органиџација се ангажирани 1.000 луѓе – нагласија организаторите пред еден месец.