Ерден Сарач: Насмевката на лицето е најважна за здрав и долг живот
„Модерниот живот претставува голема опасност за нашето здравје, го уништува нашето тело и нашиот дух. Брзата храна, генетски модифицираната храна, електро магнетското загадување се закани на модерното живеење. За да го зголемиме животниот век потребно е да се грижиме за себе во младите и средните години од нашиот живот. Пред сè мора да се бориме против дебелината, а тоа значи да јадеме повеќе органска храна, а помалку ГМО и процесирана храна, да се исклучи од исхраната бел скроб, рафиниран шеќер. Повеќе пешачење, повеќе физичка активност.Но најважно од сè е да се сакаме себеси! Може да бидеме екстремно физички активни, да јадеме чиста, здрава органска храна, да живеете здраво, но доколку нема насмевка на вашето лице, останатото е залудно“.
Ова го препорачува д-р. Ендер Сарач,турскиот гуру за здрав начин на живот, кој денес беше гостин на Меѓународниот Балкански Универзитет каде одржи предавање на тема „Како да останеме секогаш млади, среќни и здрави”, на кое зборуваше за тајните на здравиот и долг живот.
Познатиот експерт за здравиот начин на живот вели дека е многуважно обемот на струкот да не надминува 94 сантиметри кај мажите, а 88сантиметри кај жените,бидејќи тоа на некој начин претставува индикатор заздравствената состојба.
„Спиењето исто така е многу важно за организмот. Помеѓу 1 и 1 и 30 по полноќ важное веќе да бидеме во фаза на длабок сон бидејќи најважниот хормон во телото,хормонот за раст, токму во тој период се лачи. Многу е важно и навечер да не се легнувасо полн стомак, туку со празен“, препорачува Сарач.
Препорачани намирници се мешунките, зелениот зеленчук, ладноцедено маслиново масло, намирници кои се богати со протеини, но непроцесиранипротеини, месо и риба од безбедно органско потекло, органски јајца и јајца одпрепелица, јогурт и кефир и сирење. И секако лимонот кој е најдобриот прочистувач на организмот.
Д-р. Ендер Сарач е познат автор на книги за здрав живот, здрава храна, тајните на ајурведа, духовно здравје и експерт за здрав начин на живот, диети, акупунктура, алтернативна медицина и други области.
Турскиот гуру по завршување на предавањето, во дворот на Меѓународен Балкански Универзитет засади дрвја кои се неопходни за здравиот начин на живот и позитивната енергија кај луѓето.