Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје
Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, Ерос Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.
Tој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување, покажано и докажано низ годиниве од негова страна како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија. Концертот на Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе во предвид капацитетот на салата, информира организаторот „Авалон продукција“.
„Авалон“ освен во Скопје, го работи и неговиот концерт во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.