ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (12): ЖИВОТ КАКО ВО БАЈКА

Добивај вести на Viber

Секое патување е предизвик за нови пријателства. Со некого првпат се гледаш и стануваш искрен пријател. Така и Ана и Бојан со денешниот заеднички поминат ден со Естела и Миро се зближија како да се пријатели со години. Краткото патување ги сплоти уште повеќе. Кога влегоа во градот, Миро праша каде треба да ги остави. Бојан му објасни каде живее и застанаа пред неговата куќа. Тој им ги извади куферите од кола. Тие се поздравија, со ветување да се видат набргу. Бојан ги зеде куферите. Ѝ го подаде на Ана клучот од влезната врата од дворот за да ја отвори. Оградата од дворот како и влезната врата беа направени од ковано железо. Ана ја отвори влезната врата и влегоа во дворот.

Таа забележа дека дворот е голем, чист и уреден, а до куќата води мала патека. До оградата имаше зелени борови, а внатре имаше разновидно цвеќе и неколку палми. Лево од куќата имаше фонтана во антички стил. Околу неа беа поставени две кружни клупи за седење. Зад куќата имаше уште една помала куќа до која водеше патека со грмушки. Задниот дел беше со грмушки и личеше на лавиринт. Дворот беше грижливо и естетски среден со зеленило и разнобојни цветни бои. Куќата заедно со дворот наликуваше како да е дел од бајките на браќата Грим, а Ана беше изненадена и се чувствуваше како да е маѓепсана од таа убавина.

Бојан забележа дека се изненади и ја праша: „Ти се допаѓа дворот?“ Таа потврди. Потоа ја отклучи влезната врата од куќата. Влегоа. Убав наместен салон заедно со кујна и трпезарија. Десно имаше скали за горе. Тој и објасни дека горе се спалните и секоја соба има посебна бања со тоалет. Бојан ја понуди да седне и отиде во кујна да свари кафе за двајцата.

Почнаа да го пијат кафето. Бојан го пушти телевизорот. Гледаа документарна емисија за билјард. „Многу сакам да играм билјард“, му рече на Бојан. „Не сум играла, но многу ми е интересно. Бојан се насмеа и ѝ кажа: „Имам изненадување за тебе. Ајде да се средиме. Јас ќе влезам во бањава што е овде на први кат. Дојди горе да ти ја покажам нашата спална соба со бањата.“ Се качија горе. Бојан ги носеше куферите. Влегоа во убаво наместена спална. Сите ормани и спалната беа во плаво, плав тепих а на прозорите имаше плави сатенски завеси.

Се истушира и облече краток фустан со деколте а под него стави црвен градник со црвени гаќички, црвени чорапи и црвени штикли. Се нашминка и ја среди косата. Почна да се спушта по скалите и го виде Бојан седнат и ја чека. Облекол кратки бели панталони и бела маичка.

Ја праша: „Ана, сакаш да вечераме“? „Не, покасно“, одговори кратко може една чаша црно вино“. „Добро. Ајде да те прошетам“. Тој ја прегрна и ја одведе зад куќата каде што беше помалата куќа. Ана почна да се смее: „Јас мислев ќе одиме некаде, затоа се средував подолго време“. Влегоа во куќичката. Цел простор беше поврзан. Имаше фитнес просторија со неколку справи за вежбање и маса за билјард покриена со зелен прекривка. На ќош имаше поставено мала кујна со фрижидер, шпорет. Подот беше прекриен со зелен теписон, ѕидовите беа жолти со  огледала, телевизор. На крај имаше  туш кабина и тоалет .Од кујната извади две чаши. Отвори црно вино и ѝ стави на Ана па потоа и себе си.

Таа повторно се одушеви и кажа гласно: „Бојан ме изненадуваш. Твојата креативност е насочена секаде. Кога работиш си перфекционист, ист си и кога уживаш. Многу се радувам, си мислам дали мене ми се случува ова, сонувам или сè ова е живот од бајките“. Тој зеде два стапа за билјард и ѝ кажа: „Задоволство ми беше да имам дома фитнес просторија. Не е голема, но убава е. Купив неколку справи, маса за билјард и ја направив оваа мала фитнес просторија. Ми доаѓаат два пати неделно пријатели и овде навистина знаеме да спортуваме. А и децата три пати неделно вежбаат“.

Стапот за билјард и го поддаде и играта започна. Ана имаше талент и се трудеше, но нормално почетник во игра не може да се мери со искусен играч. Почна да се жали, а и беше изморена. Бојан ја прегрна и ѝ рече: „Мила, не сме на натпревар. Со тек на време ќе научиш “.

Почна да ја гали по нејзиниот врат и стомак и додаде како да ја гледа првпат: „Какво совршено тело имаш драга“. Таа се смееше и уживаше во неговата прегратка. Потоа ги спушти усните на нејзиното лице и полека ја бакнуваше. Таа се препушти на неговиот топол допир, на неговите кадифени усни. Со прстите допре до нејзините брадавици кои се познаваа под црниот чипкаст градник. Ги галеше и таа почна да се витка како немоќна птица под неговиот цврст допир. Се чувствуваше како да лебди, тлото ѝ бегаше под нозете, небаре  имаше крилја и лета во воздухот високо, и повторно се спушта во неговата нежна прегратка.

Го гушна уште поцврсто. Ја легна на масата на билјард. Се спушти со лицето надолу и ги турна гаќичките и почна со устата да го милува нејзиното меѓуножје. Таа ги рашири уште повеќе нозете. Јазикот му одеше таму-ваму. Просто луташе, истражувајќи ја нејзината внатрешност, нејзиното тело. Таа не можеше да издржи. Се виткаше од задоволство и се помешаа нивните сокови. Бојан тогаш ги откопча кратките панталони кои паднаа сами на подот. Ја фати цврсто со рацете за задникот и почна да и го  масира. Таа го влечеше накај себе и тој неговиот орган вешто го стави во нејзиниот жежок вулкан. Беа многу возбудени, испотени, телата им се лепеа. Ја фати за колкови и почна силно да се набива во неа. Таа се повеќе се пикаше во него, му ги масираше рамената и одеше во ритам со неговиот орган. Во оваа поза издржаа некое време и потоа телата им ги зафати страст, помешан со задоволство кое ги тресеше двајцата. Се средија и со чашите вино излегоа и седнаа на кружните клупи до фонтаната.

АНИ