ЛЕТ ВО ТУЃИНА
Стив заспа веднаш. Јас не можев да заспијам. Се обидував да замислам некоја интересна ситуација да ме успие, но цело време мислев на вртлогот во кој се најдов. Некако сè ми беше ново, чудно, непознато.
Животот во туѓина сигурно е поинаков, а може така се навикнале. Како и да е, личноста на Леа не ми се допаѓала отсекогаш, а сега уште помалку. Нејзината вештина во сексот сигурно е поради искуство. Млада сум мислев, така треба, но дел од мене ми се спротивставуваше. Немав големи познавања или искуства од сексот бидејќи во мали места сè е тоа табу-тема, но според она што го познавав не беше тоа обичен секс, тоа беше секс со тројца, а Леа буквално ме заведе.
Да прекинам сега е најдобро, но веќе сите знаат дека ќе се мажам и Стив ќе ме земе да живееме во странство, а во сабота ќе дадеме збор. Тоа е привилегија и среќа за секоја девојка од ова мало место. Да излезеш од оваа темница и кал е сон за секоја девојка. Решив да бидам трпелива, во некоја следна прилика да разговарам со него и да оставам времето да покаже во кој правец ќе се движат работите.
Зјапав во темницата, се вртев во постелата и во еден момент се разбуди Стив. Беше симпатичен, но јас некако се чувствував до него како туѓинец. И почна да говори: „Вики убава си, права кукла. Те сонував како те масираше Леа гола. Под тушот водата ти течеше низ твоето цврсто тело. Мислам на твојата пичка како ја осетив во мене, како никоја досега. Имам во стомакот пеперутки кога ќе помислам на тебе. Жеден сум за твоето тело, за твоето меѓуножје, за твојата мека како свила кожа“.
Раката ми ја однесе до неговиот пенис, кој пулсираше, а јас продолжив да го масирам. Целиот беше набрекнат, а главичката влажна. Почна да ми ги бакнува лицето, вратот и рамената, а неговите раце одеа надолу и надолу и со прстите ми ги развлече усните и ми го милуваше клиторисот. Нозете ги раширив уште повеќе. Се навалив на неговото уво и почнав да вдишувам и издишувам длабоко. Ми ги крена рамената на неговата глава и продолжи да ме гледа. „Боже, каков росен цвет се рашири пред мене. Да сонував вакво пиче немаше да најдам“, рече Стив. Влезе во мене длабоко. Почна да пулсира и така остана една до две минути. Со јазикот ми ги грицкаше брадавиците, а со рацете ми ги масираше бутовите и ми го ширеше отворот околу анусот.
„Ах, ах, ти си моја најголема љубов“, цело време шепотеше и го извади од мене, се заврти и ми го стави во уста, а тој со јазикот длабоко влегуваше во мојата сочна ,,мачкица“. Нежно ја цицаше и одеше во ритам со неговиот орган. Кога ги осети моите жешки усни на него почна да набрекнува уште повеќе што мислев дека ќе експлодира.
Нагло се исправи, а јас се најдов под Стив. Ги стави перниците под мене и брзо влезе во мене. Очите му светеа од страст, целиот влегуваше во мене и ме набиваше додека со голем копнеж и страст го ускладуваше ритамот со моето тело. Бевме мокри од пот, но нашите тела се движеа во совршен ритам што потта им служеше како подмачкувач. Сакав да продолжиме уште, но почнав да се грчам. Стив осети, сакаше и тој да продолжи, но и тој почна да доживува оргазам. Вулканот прели во него, па го извади неговиот орган кој прскаше врз моите гради, уста, лице, рамена. Целата бев во огромна бара од сперма.
„Совршенство, среќен сум“, додаде Стив. И навистина лицето му светеше. Почнав да се смеам, а Стив ме праша: „Зошто се смееш?“ „Затоа што чувствувам дека од срце го велиш тоа“, му одговорив.
Станавме, се истуширавме и Стив ми рече: „Легни, спиј, сакам да се одмориш. Утре имам изненадување за тебе“.
Утредента кога се разбудив слушнав гласови од Стив и Леа. Седеа во дворот, пиеја кафе. Се облеков и се симнав. Леа кога ме виде, стана ме избакна. Седнав, ме понудија со кафе, но одбив бидејќи не пиев кафе.
Стив ми се обрати: „Вики, утрово одиме малку во блискиот град на прошетка. Чекаме Кире да дојде и ќе не однесе сите“. Стив имаше земено кола на рентање додека се тука да имаат со што да се возат. Кире дојде и заминавме.
Влеговме во златара. Стив навистина ме изненади, одбра за мене комплет од бело злато. Потоа, отидовме во стоковна куќа и тој ми купи долна облека, чевли, сандали, кошули, фустани во разни бои. Искрено, воопшто не беше штедлив. Сè што фатив и го даваше на продавачката да го однесе на каса. Се обидов да кажам дека не треба, но тој ме пресече: „Ти ќе бидеш моја жена и сакам да си отмена, дотерана, елегантна. Всушност сакам да си среќна“.
Да беше друга ситуација ќе се радував бескрајно бидејќи обожавав да купувам гардероба. Но, сега бев некако летаргична. Сè правев механички. Кога некој настан се појави ненадејно во животот не можеш да се стабилизираш веднаш, а овие се важни животни одлуки. Јас како да лебдев над нив и имав осет дека на некој друг тоа му се случува, а не на мене. Сепак, се надевав дека со тек на време сè ќе се среди и љубовта која сите очекуваме да ни се случи, ќе ме удри и мене.
Стив и Леа на враќање ме оставија кај мајка ми. На разделба ми стави во раката пари да ми се најдат. Заминаа надвор од градот, имале некоја работа. Кажаа ќе бидат отсутни до сабота. Јас многу сакав да останам со моите, со сестра ми. Дома кај нас се подготвуваа за свршувачката и имаше цел ден жени кои ѝ помагаа на мајка ми. Сите веруваа дека е далеку, туѓина, но ќе уживам, ќе живеам среќно, само јас некако не верував. Не се осмелував ни на мајка ми да ѝ се доверам. Дојде сабота. Сè беше подготвено. Приквечер дојдоа мои роднини. Стив дојде со Леа.
Вечерта сè помина во најдобар ред. Тој им кажа на моите дека заминува другиот ден, дека Кире ќе остане со мене и дека веднаш ќе бара дозвола за женидба, па каде е побрзо, таму ќе се регистрираме, овде или најверојатно таму. Навидум, сите настани си течеа добро. Само што јас чувствував некоја несигурност.
Другиот ден Стив со Леа заминаа. Кире остана со мене и навистина беше човек од доверба. Почнавме да се дружиме, но одбегнуваше да разговара за Стив или за неговото семејство. Ми беше чудно, но некако ми беше срам или немав сила да го прашам зошто. По една недела се јави Стив и рече дека средил таму да се венчаме и испратил карти за авион. По една недела ги спакував куферите и со Кире се качивме во авион и летнавме.
ТУЃИНКА