ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (7): НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ

Добивај вести на Viber

Ана се занесе слушајќи го Бојан. Тој прекина да говори, но таа уште молчеше. Едноставно не можеше да поверува во она што го слушаше. Искажаните зборови ѝ ѕунеа во ушите. Мозокот молскавично ѝ работеше. Инаетот нема граница, се шири како чума, се претвора во злоба, настојува да го надвладее човечното, да уништи сè пред себе. Како може некој да е толку злобен и да ја употреби злобата да биде пресудна во ковањето на иднината. Злобата е опасна и некогаш знае да те повлече длабоко, да те закопа во жив песок, да се мачиш бескрајно. Зборовите на Бојан ја запрепастија.

„Може ли некоја да била толку подла, безобразна, ниска, злобна. Ах Бојан! Додека мислев дека Бојан се заљубил и сите овие години живее убав, пристоен живот, тој страдал. Никој не можел ни да претпостави каква неправда е нанесена врз нашата љубов, врз нас“, си мислеше Ана во себе.

Молчеше. Тој ја прекина тишината: „Ана, добро си? Не го ни проба кафето, а јас не те ни прашав дали ти се допаѓа новиов ресторан, особено терасава која е правена во модерен стил“. Таа климна со главата. „Мислев ако некогаш ни се вкрстат животните патишта, дали ќе сфатиш во каква пајакова мрежа таа ме вплетка. Живеев за овој миг, да те сретнам и ти го објаснам, страдањето за моето неверство и наивност. Јас те барав и едвај те најдов, иако чувствувам дека длабоко во твојата душа ти си ми лута, и ме презираш, но јас сосема те разбирам. Учев, работев напорно, не штедејќи се, но една глупост ми упропасти сè. По овој разговор можеш слободно да заминеш, но овој тежок камен што го носев со години ми падна од грбот. Ветувам дека ако останеме заедно, овој кратер што се направи меѓу нас ќе настојувам да го смалам до чекор, а ако ја имам твоја поддршка ќе бидам најсреќниот човек на светот“. Ана проговори: „Не е точно, дека те презирам, не знаев дали имам избор. Да, сексот е нишката што нè поврза овој пат бидејќи не знаев и се трудев да не верувам во ништо. Знаеш дека бев повредена премногу. Чувствата не се бришат со гума, но се трудев да почекам да разговараме или да ми објасниш што се случува за да донесам конечно решение“.

Се отвори вратата од ресторанската тераса. Ана погледна бегло низ вратата и забележа една жена со побелена коса, дигната во пунџа, слаба, отмена, облечена во крем твид костим. Пред неа одеа девојче и машко на околу десетгодишна возраст. Децата беа плави, симпатични, облечени во сино-бели нијанси. Девојчето облечена во бело фустанче, сино шеширче, бели сандали и имаше плава долга коса. Машкото беше облечено во плав морнарски комплет со бели траки. Носеа едно мало куферче и огромен букет црвени рози. Одеа кон нив. Ана ги забележа и се изненади. Децата личеа на Бојан и гласно извика: „Бојан! Имаш близнаци! Значи тоа е тајната! Прекрасни се!“ Бојан ѝ рече на Ана: „Ова е Кети, таа се грижи за мене и за моите два ангели Стефани и Стефан“.

Ана се поздрави со неа, потоа и со децата. Букетот го ставија во вазна. Потоа седнаа, разговараа и за кратко време се направи пријатна атмосфера. На Ана и беше мило што децата беа многу културни, мили и тивки. Разговараа извесно време и Бојан одеднаш стана. Од џебот од сакото извади мала кутија за накит и ја отвори. Во неа имаше прстен тој го зеде, клекна пред сите гости кои седеа на терасата од ресторанот и ѝ рече: „Ана сакам да ти предложам брак. Ти си моја љубов, мој живот, мое сè. Дали прифаќаш брак со мене?“. На терасата се собраа сите присутни и тие од внатре од ресторанот излегоа да видат што се случува. Сите стоеја на терасата и занемеа од оваа величествена глетка. Чекаа одговор. Ана поцрвене се збуни и тивко одговори: „Да, Бојан сакам“. Бојан и го стави прстенот на рака, Стефан и Стефани и го дадоа букетот, а сите присутни на терасата со олеснување почнаа да им ракоплескаат и да им честитаат.

На сите им беше мило и во еден момент атмосферата се претвори во радосна, весела церемонија.. Бојан им кажа на келнерите да им донесат на сите присутни пијалак и храна, да наздрават и да се повеселат. Музиката свиреше весели мелодии, сите станаа и се забавуваа, а по извесно време дојдоа колеги и пријатели од Бојан, да честитаат. Тие донесоа и торта. Со нив дојдоа матичари за да ги венчаат, кои Бојан ги договорил ден порано. Ана си призна во себе само оној што сака од срце, душа, организира ваква ненадејна венчавка и ѝ се стопи срцето од милина и радост. По извесно време, дојде келнерот и им рече: „Дојде шоферот од агенцијата да ве носи на аеродром“. „Бојан, цело време ме изненадуваш“, му рече Ана. „Да, најмила моја тоа е затоа што те сакам најмногу на светот. Ти си мојата икона, мојата муза, мој свет. Го доживеав овој ден да се венчаме и да живееме заедно.“, ѝ одговори Бојан и го зеде неговото куферче, потоа се поздравија со сите и тргнаа. По пат поминаа кај хостелот од Ана, го зедоа нејзиниот куфер. Беа на аеродром точно на време. Се качија во авион и патуваа еден саат. За време на летот беа припиени еден со друг, не зборуваа, сакаа оваа магија да трае вечно. По еден саат здогледаа мал остров и авионот се спушти на една приспособена писта погодна за тие летови.

Ги сместија во хотел, кој беше опколен со зеленило и излегуваше на плажа. Облекоа костими за капење и отидоа директно на плажа. Немаше никој. Беа сами. Имаше една карпа околу која имаше дрвја и беше во залив. Водата беше топла и мирна. Таа влезе во водата. Тој влезе по неа, почна да ѝ ги бакнува рамењата, грбот и вратот.

Ја милуваше по градите полека, нежно си играше со нејзините брадавици, кои уште пренабрекнуваа под неговиот допир. Другата рака полека се движеше меѓу нејзините нозе. Не сакаше да брза, сами беа во водата, мафтаа со нозете, не пливаа, а тој сакаше да ја излуди од страст, да ја остави да се влажи, а да не се чувствува од водата. Почна со прстите низ купачите да ја гали по препоните, ја удираше нежно по газето, ја фаќаше и нежно и го тегнеше клиторисот, а Ана стенкаше, уживаше. Тој ја тргна нејзината рака и почна да го забрзува ритамот. Со прстите влегуваше во неа, сè побрзо и побрзо, додека телата им гореа, а воздишките им стануваа сè потешки и потешки.

Одеднаш се заврти позади неа веднаш под нејзината рака го извади неговиот надрвен орган од купачите. Неговото копје растеше во нејзината рака, таа се забавуваше, забрзуваше, го дркаше со раката. Бојан во еден момент почувствува дека ќе експлодира, и затоа ја фати со рацете за косата и ѝ го стави отпозади колку можеше повнатре. Почнаа да се движат по такт од топлите бранови. Иако беа во вода Ана сè побрзо и посилно, се набиваше на неговиот тврд орган и уживаа двајцата во нивната водена игра. Вибрациите од топлата вода се мешаа со нивниот секс кој беше див и енергичен, а чувствата преизразени. Нејзиното тело почна да се грчи, и осети како и тој почна да се испразнува во неа. Страста се спои со љубовта, душата, срцето. Бојан задоволно ја сврте кон него, ја привлече и усните им се споија во долг, страсен и див бакнеж. Ги сакаше неговите бакнежи, кои беа врели и ги дразнеа нејзините сочни усни.

АНИ


ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (6): ЉУБОВ

ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (5): Патување

ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (4): ИСПОЛНЕТА ЖЕЛБА 

ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (3): Исповед

ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (2): Повторна средба

ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (1): Средба