ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (8): СТРАСТА-ДВИГАТЕЛ НА ЖИВОТОТ
По страсното водење љубов останаа во водата уште некое време. Се вртеа во водата, правеа пируети замислувајќи се дека играат балет милувајќи се гушкајќи се и бакнувајќи се. Бојан ѝ рече: „Би можеле вечно да останеме во водата“.
Небесно сината вода се прелеваше во светло зелена. Светеше од силното сонце, беше кристално чиста и проѕирна. Од дното се гледаа малите риби кои пливаа во јата во бесконечната вода. Сонцето беше високо над хоризонтот, печеше, всушност беше многу жешко. Горештината ги истера од вода и отидоа на плажата под заливот прекриена со ситен песок. Плажата беше полна со сламени чадори и лежалки. Седнаа во заливот на една лежалка кој моментално беше под сенка, а над нив имаше и сламен чадор. Се избришаа со бањарката, преку костимите за капење кои и баш не покриваа многу.
Бојан почна да ја масира Ана со крем за сончање. И го масираше вратот, рамењата, грбот и почна да и ги масира градите. таа се топеше под неговите цврсти раце. Нејзините гради набрекнаа под неговиот цврст допир. Тој одеше сè подолу и подолу.
Продолжи да и ги масира бутовите и почувствува како и треперат нозете, пулсот се засилува, и таа почна да се возбудува. Почна да го бакнува страсно им се испреплетија јазиците. Ана ги галеше и притискаше неговите препони. Бојан ја зеде бањарката да ја префрли врз нив. „Не, Бојан не на плажа, во вода и не се гледа а на плажа може да помине некој“. „Ана ако заборави јас да те потсетам, ние сме маж и жена, години бев без тебе, сега ужасно ми требаш, те сакам, сакам да го почувствувам твоето треперење копнеж, да ја задоволам твојата страст, тебе, себе. Моментално сами сме на плажа. Уживај во секој миг. Изгубеното време не се надокнадува, но сегашноста и иднината да ги живееме како од бајките“.
За миг почувствува како неговиот орган стана тврд и почна да влажи. Бојан се надвисна над неа и нежно го стави неговиот орган таму каде припаѓа во нејзината слатка, зрела смоква. Нејзините сокови почнаа да му го топат неговото меѓуножје исе испреплетија со неговите. Влегуваше подлабоко во неа и секое влегување во неа предизвикуваше бура на занесно стенкање. Ги слушаше нејзините крици ги чувствуваше нејзините нокти која ги зариваше во неговиот грб, секоја нивно ритмичко нишање беше како гранки кои се нишаат на ветар. Таа ги чувствуваше неговите заби кои го гризеа и шмукаа нејзиниот врат. Во еден момент двајцата крикнаа. Физичко задоволство создадено од спојувањето на нивните сочни органи ги тресеше двајцата извесно време. Психичко задоволство кое по низата настани што се случија создаде ефект на освежување на мозоците, им ги осветли душите, им ги наполни срцата.
Ова освежување и годеше на Ана бидејќи сè ова и беше ново. Никој досега не ѝ организирал ништо, нејзиниот контролиран животен ритам – работа, дома, вообичаени настани сè поремети. Сега влезе во нов живот со човекот што и значи сè во животот. Тој се врати по неа со толку љубов, нежност, страст и ја овековечи нивната љубов. Конечно коцките од мозаикот почнаа сами да се движат таму каде што припаѓаат. Во новиот живот со него донесе и две деца, близнаци кои особено ја изненадија. Постоеше во неа страв дали ќе ја прифатат децата, а и таа нив, но реши да не размислува, остави на времето да каже.
Всушност, времето е мерило за сè, најголем показател, но човек треба да биде трпелив и одмерен, за кога ќе се случуваат настаните да може реално и трезвено да се води со нив. Сигурна беше дека и Бојан без обѕир што храбро и машки презеде сигурен чекор и ги среди сите настани има многу размислено и има уште прашања кои не се затворени.
Ако се појави некаков проблем тој е тука да помогне, веќе не е сама. Затоа реши да не размислува за ништо барем овие два дена и да ужива во среќата која долго време ја заобиколуваше. Кога ќе се вратат јасно и беше дека мораат сите да се прилагодат на новата ситуација.
Почна низ плажата да се слушаат гласови, веќе се собираа луѓе под чадорите, џагорот започна. Се средија малку и седнаа на плажа. „Колку одмара плажата: деца трчаат, прават замоци од песок, други се возат на педалинки, некои се сончаат, други пливаат во вода, а јас сум овде со мојата љубов“, си помисли Ана во себе. Се појави зајдисонцето. „Ана, си одиме?“, го слушна гласот на Бојан. „Да“, одговори таа. Отидоа во соба. Се избањаа и се симнаа на вечера. Вечерата се служеше на тераса. Амбиентот беше прекрасен. Пиеја вино и го гледаа појавувањето на ѕвездите. „Колку се таинствени, имаат во себе некоја недопирлива магија, секогаш различно светат, блескаат како дијаманти“, ѝ рече Бојан. „Нивната недопирливост ги прави уште повеќе мистериозни. Мислам дека која ѕвезда ѝ ја погледнеш, така ти делува врз расположението. Не само врз расположението, туку и врз животот. Мали небески убавини, а толку убави“, дофрли Ана.
Се качија во соба. Легнаа и од уморот и од свежиот ладен островски воздух ги совлада сонот. Кога зазори ја разбуди врел бакнеж на челото. Погледна и ги виде нивните преплетени тела. „И во сонот сме заедно“, си помисли Ана во себе и се насмеа. Бојан ја бакна повторно и таа го бакна. „Ајде да се симнеме и да го гледаме изгрејсонцето на остров, изгрејсонцето е прекрасно“, Бојан ѝ рече на Ана.
Слегоа на терасата од хотелот. Зазоруваше. Цело небо светеше портокалово. Сонцето почна да се појавува на хоризонтот како злато на небото испуштајќи зраци низ водата кои обликуваа златна патека која се движеше од брегот низ хоризонтот. Боите се прелеваа. Се создаваше величествен поглед кој делуваше многу ефективно низ зелениот боровен остров. Беше студено, но со појавата на првите зраци почна да се стоплува. Порачаа кафе кое го пиеја толку сласно, особено со ваков прекрасен пејзаж. Појадуваа и отидоа на плажа.
АНА