Еротски приказни: ИСПРАЌАЊЕТО НА ИСИДОРА
Вечерта, кога од забава си одевме дома, поминавме со Кримо в парк. Таму имаше многу народ по повод традиционалниот пролетен маскенбал за Денот на планетата земја. Еден човек правеше маски и ги даваше на луѓето кои му оставаа пари во превртената шапка. Кримо зеде две необични маски. Ги ставивме и се претопивме во масата луѓе. Навистина беше забавно.
Паркот беше осветлен во пролетни светлечки бои кои се преливаа во вид планета. Украсен со многу проекти, натписи, цртежи што, во текот на денот, ги оставале учениците од колеџите, средните училишта и студентите. Сè се вклопуваше, а на сред парк, пред живиот лавиринт, имаше видеобим.
Цело време на видеобим се вртеше програма со разни куси едукативни емисии за заштита на животните, а меѓу нив, куси интервјуа со познати личности. На сите им беше заедничко мислењето да се спаси земјата од загадувањето, да се спречи големата смртност на луѓето од рак и грижата за животните. Иако беше многу забавно, моравме да тргнеме накај дома.
Имавме уште малку време да се видиме со Исидора. Ми навираа солзи во очите кога ќе си замислев како ќе се разделиме. Свесна бев дека кога ќе си оди, ќе ми недостига премногу. Некогаш ѝ се лутам, меѓутоа да си признам длабоко во себе – ја сакав бесконечно. Тргнавме и целиот пат речиси молчев сакајќи што побрзо да си дојдам дома. Кримо ме бакна и се договоривме да дојде за да ја испратиме Исидора на аеродром.
Кога дојдов, Исидора ме чекаше. Беше легната и тоа беше знак дека не беше расположена. Ја вклучив столната ламба, но таа не можеше повеќе да издржи и почна да ми зборува. „Каков е овој човек Антонио?“ Не ме ни погледна и продолжи да ми кажува: „Не сакав да ја уништам забавата, затоа му премолчев на Антонио. Заминувам и не сум сигурна дали воопшто ќе му се јавам. Тоа е негова забава и гостите се негови. Нормално, кога не е доволно близок со нив, не може да им ги контролира постапките и мене ќе ми се лути“.
Морав да ја смирам и ѝ реков: „Ако мислиш така, во ред е. Добро постапи што не се расправаше. Знаеш дека не заземам твоја страна ако не си во право. Но, сега си потполно во право. Антонио е со променлив карактер и не ми се допаѓа. Ајде сега да спиеме, утре имаме обврски, а и треба да отидеме в град за да купам и за да испратам ситници на мама и на тато“.
Утредента доцна се разбудивме. Отидовме в град. Купив некои сувенири и седнавме на кафе. Исидора се трудеше да биде расположена и иако јас не бев, морав да балансирам.
Додека пиевме кафе, размислував дека од задутре Исидора или оваа моја половина нема да биде овде со мене. Беше мојата втора половина, дел од мене, а и јас од неа. Близнаци – и да ги дели најоддалечена точка на светот, имаат интуиција за другиот. Отсекогаш за сè што правевме заедно се надополнувавме, бевме две души во едно тело.
Поминаа двајца со мотор и застанаа. Не обрнав внимание сè додека еден од нив не ја извади кацигата. Се зачудив и викнав: „Кримо!“ Не го препознав. Кога другиот ја извади кацигата, го препознав – тоа беше братучед му Аби. Се поздравија со нас. Аби беше многу љубезен и учтив. Кримо веднаш ја праша Исидора како е и дали ѝ помина лутината.
Не знаев дека Кримо вози мотор. Но, тој сега се изјасни дека не сме разговарале досега, а тоа му била страст од детството. А и Аби го имал истото хоби. Кога се сретнале сите и решиле да живеат заедно, се договориле да купат заеднички две коли и два мотора. Јас отсекогаш сум имала и страст и страв од мотори. Сум ги сакала поради брзината и убавиот облик, меѓутоа ми било страв да се возам од причина што сум претпазлива да не паднам, од мотор или, пак, да учествувам во сообраќајна незгода. Кримо ни понуди да не однесат до дома.
Јас веднаш одбив, но на Исидора ѝ се допаѓаше и почна да ме моли: „Те молам Дора, обожавам да се возам на мотор. Сакам предизвици, нови моменти. Кажи им дека прифаќаме“.
Морав да попуштам на нејзините молби бидејќи беше готова да се расплаче. Таа безгрижно се качи со Аби како да го знае отсекогаш, а јас со Кримо.
Првпат во мој живот се качив на мотор и бев многу возбудена. Го прегрнав Кримо цврсто со рацете и ноктите ги имав забиено во неговиот мускулест стомак. Не смеев да погледнам надолу, имав чувство дека ќе се превртам. Припиена врз него, го чувствував срцето што ми чукаше силно како градски часовник. Мислев дека секој момент ќе почне срцето да се тркала низ земјата од силното срцебиење. Со лицето му го допирав вратот и со јазикот и со забите му ги грицкав де едното де другото уво.
Близината од градите мои и грбот негов ми создадоа огромен притисок. Брадавиците ми станаа тврди од допирот. Уште повеќе се возбудив. Почнав да му се приближувам сè повеќе со задникот кон него триејќи ја мојата внатрешност. Со рацете, случајно, го фатив за неговиот „орган“ што од возбуда се исправил како копје. Се созедов, го фатив повторно околу половината и за кусо време стигнавме пред домот. Моравме да се разделиме, а толку бевме двајцата возбудени.
Навистина, имав обврски, меѓудругото, и да ѝ помогнам на Исидора да се спакува. Заедно со Исидора ги спакувавме куферите. Потоа со Роза учевме заедно до доцна во ноќта. Утредента, станавме, појадувавме и дојдоа Кримо и Антонио. Сите девојки од пансионот дојдоа на аеродром.
Додека чекавме да дојде времето за летот, ја се шегувавме. Антонио беше посрамотен и молчеше. Ја бакна Исидора и ѝ шепна нешто. А Исидора ми кажа: „Ми се извиви за сношти, не е важно, ајде, одам јас“. На аеродром ги повикаа патниците со куферите. Се избакнавме сите и ѝ посакавме среќен пат и Исидора се изгуби во масата патници.
СТУДЕНТКА