Еротски приказни: НА ПОВРШИНА ИСПЛИВУВА НЕШТО НОВО

Добивај вести на Viber

Всушност, во утринскиот мир и тишина се барав себеси. Се замислував како лебдам таму горе сокриена помеѓу два облака. Сакав да видам сè што се случува долу, а јас од горе гледам сè што сакам да видам и воедно сум заштитена. Ми требаше сигурност, заштита од целото зло што се беше собрало од сите оние рѓосани лошотии што се стремат да ги уништат доброто и убавината. Природата ни подарила толку убави и величествени нешта, а луѓето упорно се стремат за да ги уништат.

  Помислував на Џино, којзнае дали ме бара, на татко ми, кој може е мртов. Сакав да летнам меѓу овие убави облаци и макар за миг да видам што се случува таму и ако е татко ми жив, да го гушнам силно и да му ги видам очите.

  Откога заминав и дојдов на островот меѓу сите овие странци, добив некоја енергија – поинаква од онаа што ја имав. Добив малку повеќе самоувереност. Овие последни настани со Фис, Хуго, Ема и Кармен малку ми го разнишаа столбот на самодовербата.

  Се раздени. Улиците се раздвижија и заџагорија. Жизел спиеше, но ѝ заѕвони телефонот. Таа веднаш ги отвори очите и почна да разговара со некого. По некое време, прекина ѝ ми се обрати: „Нада, се јави Арни. Нè чекаат на кафе, па ќе не однесат в клиника“. Се согласив. Се подготвивме и слеговме во летната градина, што беше претворена во кафетерија.

  Таму беа Арчи и Барни. Се изненадив, искрено, го очекував Дастин, меѓутоа не очекував да дојде Барни. Кога нè видоа, се израдуваа. Седнавме и кафето го сладевме со пријатно друштво. Поразговаравме, а потоа инсистираа да нè однесат в клиника. Ние одбивавме, но попуштивме пред нивните молби.

  Барни седна напред, а јас седнав инстиктивно до него. Жизел и Арчи седнаа двајцата назад. Кога стигнавме пред клиниката, Арчи излезе со Жизел, а јас се поздравував со Барни, кој ми кажа: „Нада, кога повторно ќе те видам?“ Не знаев што да му одговорам. Не очекував вакво прашање. „Не знам, имаш мој телефонски број, ќе се слушнеме“, му одговорив и излегов од колата.

  Со Жизел полека се приближуваме кон клиниката. Таа живееше во другата зграда. Ѝ телефонирав на Кармен. Кармен многу се израдува и ми рече дека се кај Ема в соба. Се разделивме со Жизел и отидов кај нив. Кога ме видоа двете, ме прегрнаа и ме изгушкаа. Ги прашав дали има нешто за Хуго, меѓутоа тие ми рекоа дека нема уште никакви новости за потерата. В разговор, Кармен ми спомена дека овие денови размислувала многу за нејзината двојна сексуална врска и најверојатно деновиве ќе ја среди. Потоа, таа се подготви и отиде на работа.

  Останавме сами со Ема. Ема беше расположена и ѝ беше подобро. Таа ми соопшти дека закажала разговор со директорот Руди Кес штом се реши проблемот со Хуго за да замине дома да си го види синчето.

  Се согласив со неа. На Ема навистина ѝ требаше одмор. Јас ѝ раскажав за нашата дружба со Арчи и со Дастин, за посетата во стриптиз-клубот и за познанството со Барни. Ѝ кажав дека повторно се видовме со Барни, дека пиевме кафе и дека се понуди да не доведе до овде. Ема ми рече дека лицето ми светело среќно.

  „Па, искрено, Ема, сите се намачивме со овие настани. Како од толку прекрасни луѓе. кои постојат во светов, ние најдовме да се дружиме со такви натрапници. Сите три дојдовме овде да ни се промени животот, а искусивме лоши работи. Се надевам дека иднината ќе ни донесе нешто ново“, прекинав да зборувам и ми се насолзија очите.

  Вечерта бев дежурна и кога јас одев, Кармен си доаѓаше дома од работа. Се сретнавме по пат. Кармен ми кажа дека ги видела Џо и Филип и им кажала дека ќе разговара со двајцата деновиве.

  Цела недела помина мирно. Со Жизел бевме заедно дежурни и од ден на ден сè повеќе ни се зацврстуваше пријателството. Во четвртокот ми заѕвони телефонот и ми се јави Барни за да ме покани да излеземе викендот. Сепак, се договоривме за следната вечер бидејќи тогаш бев слободна.

  Другиот ден попладне дојде Барни и кога ме виде, очите му се раширија. Се топеше од среќа и од радост. Потоа, отидовме и седнавме во една кафетерија.

  Останавме сами. Барни ми раскажуваше за неговата работа. Со Едо биле неколку години партнери. Имале сопствени фирми. Увезувале градежни материјали и граделе хотели. Па јас му раскажував за доаѓањето овде, за желбата да работам и за да живеам далеку од родниот крај.

  По извесно време, Барни ми се обрати: „Нада, ми се допаѓаш. Кога те видов во стриптиз-клубот мислев дека ваква природна убавина досега не сум видел. Ме пленеше со искреноста што ти доаѓаше од очите. Ноќта размислував што да правам за да се запознаеме повеќе и решив да му се јавам на Арни за да пиеме кафе заедно. Се воодушевив и од твоето прекрасно држење и однесување. Како божица си. Сакам да се дружиме, па иднината ќе го покаже правецот“.

  Многу убаво ми дојдоа овие зборови. Потоа ме фати за раце и ми ги држеше и ми ги галеше. Неговиот допир ме возбудуваше. Тој ме гледаше право в очи. А очите негови гореа од копнеж. Не беше тоа обичен копнеж, туку страст и желба да бидеме заедно, да споделуваме прекрасни моменти.

  Меѓутоа, многу ме интересираше зошто сака со мене да се дружи кога може да си дозволи помлада и поубава девојка. Директно го прашав: „Барни, зарем немаш некоја друга, има и поубави и помлади од мене и без обврски?“ Тој почна да се смее велејќи ми: „Мерак ми е Нада, сакам мигот да ми биде исполнет со некого. Мигот на радост и на топлина во нашите срца“.

  Бевме седнати во полутемниот дел од кафетеријата. Наеднаш се сврти и ме бакна во усните. Почувствував нежен допир, некоја топлина почна да ми се разлева по целото тело. Косата ми ја галеше и почна нежно да ми ги грицка ушите, што ми поцрвенеа и почнаа да ми горат. Тоа е тој мирис – мирисот на очекувањата, страста, адреналинот и уживањата. Почнав да треперам како лист на гранка. Возбудата ме обзема, а веројатно и Барни.

ПРИЈАТЕЛКИ

Прочитајте и:

-Еротски приказни: НОВИ ПОЗНАНСТВА
-Еротски приказни: СТРИПТИЗ-КЛУБ
-Еротски приказни: РАБОТИТЕ СЕ ПОПРАВААТ