Еротски приказни: ЖИВОТОТ ЗАПОЧНУВА ОДНОВО

Добивај вести на Viber

Кога стигнавме, на прв поглед бев одушевена од целата вегетација, златното сонце иако ги имаше пуштено своите зраци на најсилно, силно печеше и ми создаде неопишлива топлина во душата. Од краевите на мојата душа почувствував топлина како се собира движејќи се кон срцето. Со такво убаво чувство влегов со Фис во мојата соба.

Фис ми објасни сè за собата што треба и останав сама и ја разгледував со поглед. Навистина, сè беше скромно, но убаво средено, чисто, а што е најважно, иако беше скромно наместена, премногу ми се допадна. Ова во иднина ќе биде мое катче, мој дом. Ми се исполни желбата да бидам сама со себе, да ги средам моите мисли, моето срце. Иако не верував дека ова е вистина, сè ми беше како сон. Се прашував дали ова мене ми се случува, дали е можно да се оттргнав од прангите на Џани и Димитри? Кон двајцата чувствував горчина и одвратност. Тие беа сè друго освен човечки суштества. Дополнително, Димитри се гордееше со нашата врска, а Џани кога би дознал, би не убил и двајцата без никакво чувство на вина. Застанав до прозорецот за да го видам погледот. Беше тивко и мирно. Таа смирена тишина ја нарушуваше од време на време некоја птица која за миг ќе пееше или цвркотеше.

Сакав да се истуширам и да се одморам пред да одам на состанок со директорот Руди Кес. Бидејќи ми беа отечени нозете, ги соблеков чевлите. Така гледајќи се занесов. Се сетив на Ема. Морав да ѝ се јавам да видам дали е спроти мене во собата. Заборавив дека сум собуена и боса истрчав. Вратата беше подотворена и се слушаше плачење. Интуитивно ги повлеков нозете назад и нечујно се вратив кај мене в соба.

Не очекував дека уште од почеток ќе се соочам со ваква непријатна ситуација. Можеби беше спонтан плач. Се загрижив и ми дојде некоја горчина во желудникот што ми се креваше нагоре и мојата еуфорија нагло исчезна. Си реков: „Морам разговарам со Ема. Само полека да не направам некој непромислен чекор. Во моментов немам каде да одам, ни каде да бегам“.

Се истуширав и легнав да се одморам. Не можев да заспијам, но барем се одморив. Во собата тропна една жена која ми се претстави дека се вика Лиз и ми кажа дека е задолжена за сè во оваа зграда. Таа ми донесе минерална вода и чаши и ми кажа дека собата има мал фрижидер под бирото со храна и со пијалаци. Ѝ се заблагодарив и од фрижидерот зедов едно колаче и се напив минерална вода. Тоа ми беше доволно додека да одам кај Руди Кес.

Во шест часот дојде Лиз и ме однесе таму. Руди беше човек во години, но срдечен и принципиелен. Ме праша директно дали може да се надева на мојата дискреција. Она што го пополнив во мојата интернет-апликација го потврдив. Му кажав дека буквално избегав од мажот ми. Тој ми потврди, ги подигна веѓите и додаде: „И од љубовникот, Димитри“. Јас се чудев од тоа каде му е оваа информација бидејќи тоа беше тајна врска помеѓу мене и Димитри.

Тој се насмеа и продолжи:„Нема од што да се плашиш. Ние испитуваме сè и знаеме сè за нашите вработени. Сакав да слушнам дали си искрена со мене. Овде си безбедна. Ако си ја работиш твојата работа, ќе добиеш нов идентитет. Сега пасошот тие е на Нада Пантас и се викаш Нада. Понатаму ќе добиеш нов идентитет. Ова е приватна психијатриска клиника каде што на рехабилитација се лица со психички нарушувања. Освен богати пациенти, кои можат да си ја дозволат оваа клиника има и нешто друго. Оваа клиника е финансирана од неколку земји што имаат заедничка цел, а тоа е сите лица кои работеле во нивни интерес, а имале некои психички нарушувана, да се вратат во нормален живот. Постои дискреција на најголемо можно ниво. Тоа е сè за почеток, Нада Пантас. Повели мобилен телефон. Со овој се комуницира овде меѓу нас. Овие денови ќе добиеш уште еден за комуникација со твоите домашни“.

Ништо не му одговорив. Сфатив дека овде се лекуваат и луѓе кои биле шпиони или некои од сличен калибар штом има измешано и неколку држави. Јас сигурно сум била многу бледа затоа што тој ми подаде чаша вода и продолжи: „Утре ќе се оди на заедничка обиколка на околината. Се надевам и јас ќе дојдам. Фис ќе ти даде инструкции за понатаму. Се надевам ќе соработуваме“.

Нашиот разговор заврши. Лиз тргна со мене. Ѝ кажав да се врати бидејќи ќе ја повикам Ема да слеземе долу да прошетаме и да ја разгледаме клиниката. Додека одевме, не сретнав никого. Можеби освен Ема и јас, немаше никого во зградава. Тропнав кај Ема. Вратата ѝ беше подотворена повторно. Сакав да чукнам.

Меѓутоа се запрепастив. Со увото слушнав звуци на водење љубов. Беше сосема гола. Седеше на бирото со нозете раширени. Некој ѝ ги бакнуваше градите. Неговите раце се движеа полека надолу, се лизгаа од незиното испотено тело. И тој беше целиот во капки пот. Полека си ги стави рацете на нејзините совршени колкови. Тоа беше Фис. Соблечен по кошула со турнати панталони.

Главата му се движеше полека надолу. Едно време му ја снема. Погледнав подобро. Главата му беше вгнездена во меѓуножјето на Ема. Таа со рацете грчевито му ја стискаше и му ја носеше „навнатре“ кон нејзе. Тој сè посилно почна да ја врти главата. Набрзина стана и неговиот исправен „орган“ силно „влезе“ во неа.

Тој започна да вика силно што сигурна сум дека би се слушало до кај мене. Се почувствував како крадец, набљудувач на нешто забрането, но од нивното жестоко и примамливо водење љубов не можев да ја оттргнам главата. Стоев како да сум закована со шајки. „Влегуваше“ и „излегуваше“ од неа сè посилно и побрзо. Во еден момент, тој целосно „навлезе“ во неа. Слушнав крик, завршен спој на две тела и две души. Не знаев што да правам. Ако се тргнам, ќе ме слушнат. Во мојот живот досега не сум видела ваков копнеж и ваква меѓусебна страст.

ПРИЈАТЕЛКИ