Есенски стајлинг по примерот на Одри Хепберн: Безвременска класика за сите дами
Неверојатно е како некои филмски ликови засекогаш остануваат во нашите сеќавања. Една таква безвременска убавина е главната хероина на филмот „Појадок кај Тифани", која ја игра неповторливата Одри Хепберн.
Идолот на милион жени и „основачот" на елегантен и незаборавен моден тренд се уште инспирира модни куќи и креатори. Ако сакате безвременската класика, имаме одличен предлог за вас.
Пробајте да креирате есенски стајлинг во Тифани стил!
1. Очила за сонце
Еден од најважните додатоци во филмот. Главниот лик речиси не се раздвојува од своите Ray Ban Wayfarer очила. Заклучуваме: овој моден додаток е незаменлив, и тоа не само за на плажа. Очила може да се носат во вечерните часови, во дождливо време, во библиотека, па дури и во бар.
2. Ѓердан
Централниот дел на ѓерданот е жолтиот дијамант, кој беше пронајден во Јужна Африка во 19-тиот век. Чарлс Тифани првично го нарече „Ројал", во 1961-ва година, но по премиерата каменот беше преименуван во Тифани. Ваков вид ѓердан совршено ќе се вклопи на елегантен есенски стајлинг.
3. Kitten потпетици
Ниските потпетици со само 5 центиметри штикла беа во мода претходната сезона, но прва ги носеше Одри Хепберн во 60-тите години, и ги направи хит на векот.
4. Мал црн фустан
Црниот мал фустан од „Појадок со Тифани“ до денес остана едно од најдобрите парчиња облека за дамите.
5. Мантил во крем боја и марама за коса
Мантилот кој беше „must have“ во минатото, денес е парче на сите времиња. Имајте еден таков во крем боја, со кој ќе искомбинирате класична марама што ќе ја носите на глава- многу едноставно и убаво!