ЕСМ УБАВО ОБЈАСНИ ЗОШТО СЕКНА „ЖЕЛЕЗАРСКОТО ПАРНО“ - котлите беа стари и затоа не можеше дневно да се исклучуваат, а тоа трошеше непотребно многу гас

ЕСМ денеска со уште едно соопштение до јавноста известува дека спровеле промени во системот на греење на град Скопје, во правец на, како што велат, стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, а кои ги има вкупно 62.000, и тоа домаќинства, деловни објекти и институции.

Ова соопштение следува по вчерашните протести на жителите на Автокоманда, кои си го бараа таканареченото железарско парно. 

„Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија.

Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа.

Имено, од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување, односно главната градска мрежа на која се снабдува Скопје, додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 отсто.

Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба  старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.

Котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околината. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash