Се породи мајката на исчезнатата Данка Илиќ: Десет дена била на кислородна поддршка
Ивана Илиќ,
мајка на малата Данка Илиќ (2), по чие тело се трага од 26 март, се породила на
12 јули во болница во Бор.
Пред точно четири месеци, исчезна Данка Илиќ (2) од Бор, Србија додека си играла со мајка си и братот во населбата Бањско Поље! Според информациите од медиумите од соседството полицијата верува дека малата Данка е убиена, но потрагата по нејзиното тело се уште трае, а нејзиното семејство сепак доби добра вест - се породи нејзината мајка Ивана!
Како што пренесуваат српските медиуми, во морето лоши вести и постојана неизвесност каде се наоѓа телото на нивното девојче, семејството Илиќ конечно добило причина за среќа.
- И Данка и Павле се родени на празник. Тоа име го доби новородениот син затоа што е роден на Петровден. Ивана се породи со царски рез и се‘ е во ред. Првите денови беше на кислородна поддршка, но се добро се заврши. Данка е родена на Ѓурѓовден – изјави за српски Ало таткото Милош Илиќ!
Инаку, денеска, четири месеци по бруталното убиство, не се знае каде е нејзиното тело.
Девојчето исчезнало во вторникот, на 26 март, околу 13 часот, кога мајката, како што изјавила тогаш, се свртела и на момент се одвоила од ќерката за да му даде вода на брат ѝ. Во тој момент девојчето мистериозно исчезнала, а од тој момент речиси цела Србија, но и Балканот беа на нозе. Полицијата, армијата, припадниците на ГСС, пожарникари, како и локалното население и бројни доброволци ја пребаруваа областа во потрага по девојчето. Целото подрачје го надгледуваа хеликоптери, а во текот на ноќта биле користени и термо камери. Во сите нив биле вклучени и кучиња трагачи.
Потоа, на почетокот на април цел Балкан остана без зборови - откриено е дека несреќната девојка е брутално убиена.
За бруталното дело, како што пишувавме претходно, се уапсени работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Срѓан Јанковиќ од селото Лука кај Бор, како и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот. Тие се сомневаат дека детето го удриле со автомобил, а потоа го ставиле во возилото и го задавиле. После тоа се сомнева дека детето го фрлиле во депонија, а се сомнева дека потоа го префрлиле лешот на друга локација.
Уапсени се и таткото на Драгијевиќ Раде и неговиот брат Далибор, кој набрзо почина во притвор.
По апсењето, Срѓан Јанковиќ се бранеше молчејќи пред обвинителот, а потоа реши да ја изнесе својата одбрана во која ја негираше вината, нагласувајќи дека „не ја видел Данка во животот“!
Сепак, најголемиот шок дојде после тоа. Дејан Драгијевиќ во сведочењето пред обвинителот призна дека го убил детето и детално опиша како го задавил со голи раце, но не сакаше да ја открие локацијата на телото. По извесно време побара и „појаснување на првата изјава“ и побара повторно да се појави пред обвинителот.
- Сега го негираше делото за кое е осомничен. Рече дека девојчето никогаш во животот не го видел ниту кобниот ден на патот во Бањско Поље. Тој негираше дека ја ставил во автомобилот и ја задавил. Тој даде сосема поинакво сведочење од првото. Сите присутни беа во шок. Два часа одговараше на прашања мирно и смирено, изгледаше воопшто не вознемирено – изјави тогаш извор близок до истрагата.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: ало.рс