ETRO - парфеми кои претставуваат уникатна креација, личен потпис на стилот на секоја личност
Брендот Etro настанал кон крајот на 60-тите години, кога Gerolamo Etro, експерт за текстил и вистински вљубеник во патувањата, ја избрал Индија и ориенталната култура како инспирација. Денес, заедно со него работат и неговите 4 деца - Jacopo, Kean, Ippolito и Veronica, кои се грижат семејниот бизнис од традиционален да премине во современ и модерен софистициран бренд на глобално ниво. Досега имаат повеќе од 200 сопствени брендови низ светот и колекции кои се движат од гардероба, додатоци, текстил за мебел и кожени производи, до очила за сонце и секако парфеми.
Etro го прошири својот асортиман на парфеми кон крајот на 80-тите години. Парфемите, иницијално се засновани на монотематски формули со фокус на дрвенести и зачински ноти. Мирисната линија постепено се надополнувала со сложени ароми - Eau de Toilette е креиран за клиенти кои бараат единствен парфем.
Своите креации брендот ги создава сам, користејќи само природни состојки од најфин квалитет, рефлектирајќи имиџ на бренд кој високо котира на пазарот нa селективна и дирекна дистрибуција.
Карактеристичните ознаки на Etro секогаш биле Paisley, комбинирајќи теми и инспирации секоја година заедно со Pegaso. Двата симбола ја дефинираат креативноста и мултикултурната визија на брендот како и неговата вредност.
Секој парфем има свој карактер и личност, совршен да ја изрази состојбата во секоја доба од денот. Етровиот пристап кон парфемите ја изразува потрагата за квалитет, креативност и личен стил.
Парфемите се во најголем дел направени од природни состојки, причина заради која се задржуваат подолго на кожата. Има висока концентрација на зачини и темјан, дрвенести ноти комбинирани со смола и билки, како и со цитрусни овошја.
Покрај Eau de Toilette, Etro разви и линија на парфемски движења низ кои живее парфемот на поинаков начин. Момент на благосостојба посветен на личната нега и задоволство, нов мирисен облик за носење со омилени мирисни ноти.