Моден фокус // Трендови
Ева Заева е девојка која ја сака модата
Ева Заева е 18-годишна девојка од Струмица која ја сака модата и создава свои модни парчиња. Покрај тоа има одличен стил, а својата убавина и ја препишува на генетиката на нејзините родители.
Таа во неодамнешно интервју изјави:
- Јас сум девојка како и сите други и не преферирам некакви посебни стилови на облекување. Најубаво се чувствувам кога се носам спортски и лежерно, кои на најдобар можен начин ја одразуваат слободата на живеењето и возраста во која се наоѓам.
Имено Ева е внука на Премиерот Зоран Заев, за кого говори само со пофални зборови. Тој за неа е чичко, пријател и другар.