Еве ја мајката на модните игри! Ријана штотуку го прекрши правилото за гламур на црвениот тепих: Во откаена комбинација ѝ пркоси на елеганцијата

Добивај вести на Viber

Во понеделникот вечерта, во Лондон се одржа култниот британски настан „Fashion Awards“, на кој на црвениот тепих се собраа некои од најпопуларните имиња од светот на музиката, модата и глумата. И додека сите дами дадоа се од себе за да остават силен впечаток, Ријана го украде шоуто во нејзиниот препознатлив стил!

Ријана на овие модни награди пристигна во друштво на нејзиниот партнер A$AP Rocky, а како што стапна на црвениот тепих, започна еден вид моден спектакл. Насобраните фотографи не штедеа блицеви, бидејќи поп дивата уште еднаш потврди дека е волшебник на откачената мода што никој друг не може да го направи.

Славната пејачка избра ексцентрична креација потпишана од францускиот дизајнер Кристијан Лакроа, без разлика дали ова ви се допаѓа или не, едно е сигурно – нема кој не ја погледнал Ријана.

Пејачката носеше асиметричен фустан од меко вештачко крзно во светло сина боја со црна тантела. Црн корсет со длабоко деколте и кожени ракавици до лактот во контраст со меко крзно во пастелна нијанса.

Атрактивната 36-годишна пејачка го заокружи изданието со црни хулахопки и елегантни сатенски салонк со украсна шнола, а нејзиниот ефектен ѓердан додаде шмек на сјај. Огромната крзнена шапка во нијанса слична на авангардниот фустан придонесе се да изгледа уште по откачено.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs