Eве како изгледа Адријана Лима кога воопшто не е дотерана: Без фризура, без шминка, ова е нејзиното друго лице далеку од гламур

Добивај вести на Viber

Светските ѕвезди ги гледаме на црвениот тепих каде се дотерани максимално, а нивното друго лице го откриваме кога ќе се појават далеку од рефлекторите, во различни ситуации зад камерите кога го живеат својот „обичен“ живот. Модната ѕвезда Адријана Лима, чиј изглед е меѓу најкоментираните оваа година, се појави вчера во Западен Холивуд пред познатата теретана. Таа беше со нејзиниот вереник, францускиот филмски продуцент Андре Лемер. Без шминка, без фризура во издание кое е адекватно за тренинг.

Адријана Лима е навикната на друштво со папараци, но во последните неколку месеци ја следат поинтензивно од вообичаено. Причината е нејзиниот „контроверзен“ изглед, поради кој сите се прашуваат дали манекенката само се здебелила или имала естетски корекции на лицето, иако изјавила дека изгледа како секоја уморна мама.




Лима е голем љубител на спортот, особено на боксот. Таа е и амбасадор на ФИФА, првиот Глобал фан амбасадор на оваа организација.

Фотографиите од папараци се најдобриот начин да дознаете како некој навистина изгледа, на тие слики нема фотошоп, често нема гламурозни детали. Лима често објавува слични фотографии на Инстаграм, иако не и е непознато ретуширањето на сликите.



Колку и да се променила, сепак се забележува специфичното и убаво нешто што природата ѝ го подарила на Лима. 

Славната Бразилка со вежбање „оди“ до топ линијата која ја имала пред третата бременост, што, според неа, многу ја оптоварувало. За жал, како и многу жени, таа наидува на недоразбирање од другите кои едвај чекаат да критикуваат некого.

Промените неизбежно се случуваат, има некој шарм и во тоа.


ФОТО: Инстаграм принтскрин