Еве како да го светнете домот
Ослободете се од непотребните работи – Ова е првото и основно правило кога темелно го чистиме домот. Иако често имаме потешкотија да фрлиме работи кои ги чуваме долго време, верувајте – доколку не сте ги употребиле во последнава година, голема е веројатноста дека никогаш нема да ви притребаат.
Длабинско чистење на теписите . Ќе бидете изненадени колкава количина на нечистотија, прашина и влакна се крие во вашиот тепих, којa обичната правосмукалка не може да ја отстрани. Длабинското чистење ќе помогне да се обнови бојата и текстурата на тепихот, а чистиот воздух веднаш ќе го почувствувате.
Кујната секогаш треба да биде беспрекорна, бидејќи во спротивно може да стане извор на зарази и бактерии. Правило кај чистењето на кујната е да имате посебна крпа за чистење на сите површини. Исто така, имајте на ум дека влажните места се најголем извор на бактерии и дека задолжително треба да се менува сунѓерот за миење садови секоја седмица. Дополнително исполирајте ги славините со половина лимон, а вратете го сјајот на мијалникот со помош на маслиново масло кое ќе го втриете со мека крпа.
За вашите прозорци да изгледаат беспрекорно, прво избришете ги со крпа и оцет, потоа со чиста вода и оставете ги да се исушат. Кога ги бришете прозорците од едната страна бришете ги надолу нагоре, а од другата страна од лево кон десно, така полесно ќе забележите кое место не е добро исчистено.