Еве кога ќе може да ги шетате милениците за време на полицискиот час

Од вечер почнува новиот полициски час кој е продолжен и ќе важи од 20 па до 05 часот наутро.

Имено, оние кои имаат миленици, истите ќе може да ги изнесуваат од 22 до 23 часот. Ова важи за станарите на станбени објекти, и истите ќе може да движат најмногу 100 метри од објектот на домување.

Новите рестриктивни мерки кои стапија на сила вчера, а меѓу кои е и новиот полициски час кој почнува вечер, ќе траат 14 дена.