Еве што сподели Меланија Трамп од болница по операцијата

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД, Меланија Трамп во средата изјави дека „се чувствува одлично" и со нетрпение очекува да се врати дома во Белата куќа по процедурата за бубрезите претходно оваа недела.

„Искрено ви благодарам на Медицинската единица на Волтер Рид @ WRBethesda и на сите кои испратија добри желби и молитви! Се чувствувам одлично и со нетрпение очекувам да се вратам дома во @WhiteHouse наскоро.“ напиша таа на Твитер.

Во вторникот, претседателот Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга „се чувствува навистина добро" и ќе ја напушти болницата за два до три дена. „Ви благодарам за толку многу љубов и поддршка", изјави тој.